Илиеска : Мерките кои ги предлага владата на СДСМ се задоцнети и не го опфаќаат месец март, месец во кои се затворија многу бизниси

Македонија е држава која најлошо се справува со корона вирусот од земјите во регионот, но и пошироко, рече на прес конференција Анастасија Илиеска од ВМРО – ДПМНЕ..

Владата не презеде навремени мерки за справување со последиците од кризата, а епилогот на тоа се 112 мртви, 200 милиони евра дупка во буџетот за 4 месеци, стотици фирми во лоша состојба и илјадници граѓани на минималец.

Економските мерки кои владата ги презема се задоцнети и не го опфаќаат месец март, месец во кој што почна кризата и во кој голем број на бизниси затворија, а како последица на тоа голем број на работници останаа без работа.

Владата пропушти цел еден месец помош за граѓаните и стопанството.

Мерките почнаа да важат од месец април. И иако требаше помошта да легне на сметките на граѓаните и стопанствениците во месец мај и да опфати над 250.000 граѓани како што првично рекоа во месец мај помош за месец април добиле 17.813 правни лица или компании со вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати помалку од тоа што беше предвидено со уредбата, и изнесува 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони.

Значи многу ветија, а ништо не исполнија.

Кога од владата видоа дека мерките не даваат реален ефект и не се димензионирани правилно, го најавија т.н. трет сет на мерки со кои практично планираат еднократен поткуп на гласачи и тоа во период пред избори.

Мерките кои што громогласно ги ветуваат, нема да можат ниту да ги исплатат доколку се укине вонредната состојба на 30-ти мај, бидејќи од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8А од Изборниот законик. Помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи на 31 јули.

Тоа значи дека власта не планира како да им помогне на граѓаните, туку како да ги изманипулира.

Дополнително од владата се уште немаат донесено акти во кои јасно ќе бидат назначени критериумите по кои ќе бидат доделени ваучерите кои што ги најавија како дел од таканаречениот трет сет на мерки.

Владата целосно постапува без план и ја задолжува државата без престан. Потребна е итна стратегија за вадење на Македонија од провалијата во која е втурната. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е многу поразлично од СДСМ, рече Илиеска.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер