ИДУЕП дебата: Младите мора да бидат рамноправен партнер во процесите на одлучување

Младинскиот активист, Марио Паунов истакна дека младите сакаат наместо умови, надвор да извезуваме успешни младински приказни создадени во Македонија.

Поквалитетно образование, консензус меѓу партиите за сите прашања кои ги засегаат младите, како и вклучување на секој млад човек во процесите на носење на одлуки – беа само дел од заклучоците од првата од серијата јавни дебати на тема „Што сакаат младите?" кои ги организира Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Младинските лидери, учесници на јавната дебата – Бленди Ходаи, Александар Каратошо, Дена Сачмароска и Марио Паунов се согласуваат дека е потребно постојано да ги потсетуваме институциите дека младите се рамноправни и активни чинители во процесот на креирање политики на локално и централно ниво, се согласија

-Ме радува што успеавме да поттикнеме се повеќе млади луѓе гласно да ги бараат своите права, односно нивните барања да бидат почитувани и прифатени од сите надлежни институции. Еден таков важен потег беше и компромисното решение за државната матура кое како Сојуз го постигнавме во дијалог со Владата, потенцираше Бленди Ходаи, основач на Сојузот на средношколци и активист.

Верувам, додаде тој, дека она што го изградивме како млади активисти, а кое се темели врз мултикултурното обединување на младите и борбата за нашите барања и цели ќе продолжи и во иднина бидејќи е од интерес на младите, односно на целата земја.

-Секоја млада личност има обврска да биде активна со цел заедно да придонесуваме во општеството за да имаме подобар стандард. А, желбата за иселување кај младите ќе се смени само ако ние младите сме активни и неуморно се бориме за заедничките цели кои ги имаме, бидејќи никој друг тоа нема да го направи за нас или во наше име, рече Ходаи.

Александар Каратошо, млад европски амбасадор од Западен Балкан истакна дека сите влади прават напори за реформи во образованието, ама го избрзуваат процесот, без да ги вклучат сите страни и без да ги применат предлозите кои ги даваат сите чинители.

– Ќе го споменам примерот од претходно, со воведувањето на деветолетка, или, пак, актуелниот пример со реформата за дигитализација на учебниците. Надлежните институции мора да имаат инклузивен процес за секоја реформа. Ние како држава немаме консензус од сите засегнати страни за важни теми како што се образованието, здравството и слично. Сведоци сме дека се повикуваат младите на состаноци, ние даваме предлози и идеи, но на крајот речиси ништо од тоа не се прифаќа, туку изгледа како да се викнати младите со единствена цел да се прикаже дека формално биле дел од процесот на одлучување. Ако не ги промениме работите во оваа сфера, иселувањето на младите ќе бележи погубни статистички бројки, рече Каратошо.

Дена Сачмароска, младинска активистка смета дека целиот процес на образование мора да се реформира бидејќи учиме само како да учиме, наместо да стекнуваме вештини потребни за живот и работа. Мора да им се дадат можности на младите, а тие бараат шанса да се покажат, па макар и некогаш и да погрешат. Посочи дека дефинитивно се потребни еднакви можности за сите, како и инклузивно образование, каде наставниот кадар ќе биде во улога на ментор/ка на секој ученик или студент смета.

– Неопходно е да го подобриме нашиот образовен систем со цел младите да не сакаат по секоја цена да одат во странство. Тоа значи дека треба на секоја млада личност да ѝ се овозможи истиот квалитет на едукација. Младите се иднината на државава – тие утре ќе бидат идните лидери. Затоа, мора сите да се еднакво информирани, да имаат еднаква шанса за стипендија, односно секоја друга поддршка да им биде овозможена, истакна Сачмароска во своето излагање на јавната дебата.

Младинскиот активист, Марио Паунов истакна дека младите сакаат наместо умови, надвор да извезуваме успешни младински приказни создадени во Македонија.

-А, бидејќи живееме во време кога сите информации се онлајн, пристапот до дигитални уреди и квалитетен интернет не смее да биде привилегија, туку можност и придобивка буквално за секој млад човек. Дали и понатаму генерациите млади својата иднина исклучиво ќе ја гледаат надвор од границите на државата зависи од тоа какво општество ќе креираме сите заедно. Потребно ни е општество во кое има место за секого, односно простор каде гласот на младите луѓе ќе биде еднакво слушнат и вреднуван. Како едно од основните барања за напредок на младите е токму образовниот процес и неговото постојано унапредување до степен на квалитет како во европските земји или САД. Тука можеме заеднички со надлежните институции многу повеќе да придонесеме, а еднаквиот пристап до квалитетен интернет и уреди за следење на наставата и учењето е една од основните придобивки која моја да ја има секоја млада личност во 21 век, посочи Паунов.

Во делот на дигитализација на образованието, учесниците се согласија дека овој процес несомнено ќе влијае за подобар квалитет на образованието, особено за намалување на непотребните хартиени процедури и трошоци за запишување во училиштата, како и заверка на семестри на факултетите, а на младите ќе им даде повеќе шанса и простор да се посветат на своето образование и развој, наместо да го трошат времето на на бирократски процедури. Истовремено, тие потенцираа дека дигитализацијата во образовната сфера мора да остане право на избор за секој ученик или студент, бидејќи само на тој начин може да се почитува волјата на секоја личност и со тоа да се создаде вистинско инклузивно образование.

„Што сакаат младите?" е првата од серијата јавни дебати на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) кои имаат за цел подигнување на јавната свест за вклучување на младите во процесите на одлучување и владеење, особено кај општествените чинители. Преку овие активности, ИДУЕП цели да придонесе кон идентификување на потребите, барањата и очекувањата на младите луѓе во Македонија со цел институциите да градат успешни и инклузивни младински политики, првенствено преку вклучување на секој млад човек во обликувањето на својата иднина.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер