Идната недела ќе се знае дали мерката за замрзнати цени на производите ќе продолжи

За помалку од десетина дена истекува мерката за замрзнати цени на дел од основните  прехрамбени  производи – надлежните анализираат, дали ќе се продолжи или не ќе се знае идната недела. 

Во меѓувреме законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на неоправдано високите цени на прехрамбените производи, веќе ги мина двете комисиски расправи, надлежните очекуваат законот до крајот на месецов да биде донесен и на пленарна седница.

„Министерството за економија го анализира движењето на цените на пазарот, следната недела ќе се донесе конечна одлука дали ќе се продолжи мерката или не.“ - Министерство за економија.

Граѓаните разочарани велат и со замрзнатите цени на производите, не можат многу да си дозволат. За да се прехрани едно 4 члено семејство месечно се даваат повеќе од 20 илјади денари.

„Зар не е очигледно, народов прокука од се, какви замрзнати цени. Навидум се така, а уствари ништо. “

„Секојденвно има покачување, разлики има во дуќаните на цените...Со 14 илјади што да напраиме, стурја, лекови, вода тоа...“

„Не се намалени, се е исто. “

Поразговаравме и со пазарџиите. Велат цените на овошјето и зеленчукот тешко да се намалат. Немаме домашни производи, се е увезено, па оттука предвидуваат и раст на цените во иднина.

„Увозна роба има, нема роба, производителот не може да го пушти поевтино, давачките скаппи се. Не може да биде поевтино, може да иде нагоре .... “--изјави трговец на пазар.

Според, последните податоци на ССМ на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните трошоци за живот, месечно му се потреби речиси 1.000 евра.

Според премсетките на синдикатот дури и со најавеното мартовско зголемување на минималната плата, две и пол најниски плати во дражава не можат да ги покријат месечните трошоци на едно 4 члено семејство. А доколку плаќаат и кирија за стан од 60 квадрати, тогаш им се потребни дури и 72 илјади 851 денар, сума кој едвај може да се покрие доколку двајцата родители се со просечна плата од по 38 илјади денари.

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

Ребел Вилсон: Член на британското кралско семејство ме викаше на оргии и дрогирање

Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари Rebel Rising тврди дека член на британското кралско семејство еднаш ја поканил на оргија и употреба на дрога за време на забава во Јужна Калифорнија, пишува Page Six.

Иако австралиската актерка не именувала за кој член на кралското семејство станува збор, таа тврди дека личноста е маж и дека е веројатно „петнаесеттиот или дваесеттиот во редот за британскиот трон“. Вилсон тврди дека била поканета во последен момент во 2014 година, а кралското семејство ѝ објаснило дека се потребни „повеќе девојки“ на забава со средновековна тема во домот на американскиот технолошки милијардер во близина на Лос Анџелес.

„Каква совршена можност да најдам момче, си помислив“, пишува актерката во својата книга. Вилсон потсети дека забавата вклучувала акробати кои се лулаат, мажи кои се тепаат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени, како и гледање со член на британското кралско семејство додека се делела дрога на послужавници.

„Гледајќи ја британската кралска потпора наоколу додека продолжувам да ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика“, напишала таа, додавајќи дека по раскошниот огномет, друг неименуван маж се појавил со послужавник со нешто што личело на бонбони, но всушност бил дрогата МДМА.

Кога прашала за што е, добила одговор: „Ах, за оргии е... Оргиите обично почнуваат во овој момент, но тогаш го разбрала коментарот дека се потребни повеќе девојки. Не зборувам за односот на мажи и жени како да сме во дискотека. Зборуваа за оргии“, додаде таа.

Таа додала дека тогаш била девица, а од забавата побегнала без да биде сведок на оргиите. „Непотребно е да се каже дека го зедов фустанот за деверуша и истрчав од таму најбрзо што можев“, заклучила таа.

притисни ентер