И Влатко Ѓорчев стана национален координатор, од СДСМ обвнуваат дека му е измислена функцијата

Поранешниот пратеник и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев доби државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.

Ова било одлучено на една од последните седници на Владата од каде објаснуваат дека демографскиот развој е ставен во прв план и состојба која бара сериозен пристап, кој како што велат, изостанувал во минатото, поради што со реорганизацијата демографијата е дел и од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

„ Со програмата за работа на Влдата, предвидува зголемување на мерките и поддршката за родителите, но и системска и сеопфатна програма за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство. Со програмата за работа на Владата се предвидува и отворање на научен Институт за демографски истражувања, миграциска и популациска политика.“- Влада

Ѓорчев низ годините честопати држеше прес-конференции на кои ја критикуваше минатата Влада за демографскиот пад во државава. Тој за Канал 5 само кусо одговори дека Македонија изминативе 7 години е соочена со најголемата демографска катастрофа во историјата и решавањето на проблемот треба да биде приоритет за сите.

-Падот на родени бебиња е 40% за време на владите на СДСМ, а имаме најголема смртност и невидено иселување, со затворени училишта и паралелки. Овие се катастрофални бројки кои мора да бидат меѓу главните прашања за државата. И за Владата, и за опозицијата, затоа што стануваме држава без народ. Тоа мора да биде заеднички приоритет. - Влатко Ѓорчев

Информацијата за назначувањето на Ѓорчев ја објави утрово од СДСМ.. Обвинуваат дека оваа функција била измислена за Ѓорчев, за која тој ќе земал месечна плата од над 105.000 денари. Од опозициската партија обвинија и дека токму Влатко Ѓорчев, пред четири години како пратеник ги кочел законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.

„ Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ. Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите.“

Досега Владата ги зназначи за национални координатори по разни основи Лилјана Затуроска, Верче Мицевска, Павле Трајанов, Блерант Рамадани и Солза Грчева.

Храмот на Посејдон во близина на Атина доби ново осветлување по 20 години

- Отсега натаму, ќе можеме да се восхитуваме на величината на локалитетот од секој агол, без разлика дали го гледаме од море или од копно, рече Мицотакис.

Новото, обновено осветлување на храмот на Посејдон, што се наоѓа во Сунио, во близина на Атина, доцна синоќа беше свечено презентирано во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и министерката за култура Лина Мендони, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходното осветлување беше од 2004 година, а од синоќа, храмот стар околу 2.500 години на ’ртот Сунио, што е и една од главните туристички атракции во Атина, доби ново светло, за кое Мицотакис рече дека е „модерен систем за осветлување, кој буквално ќе му овозможи да блесне уште посилно“.

- Отсега натаму, ќе можеме да се восхитуваме на величината на локалитетот од секој агол, без разлика дали го гледаме од море или од копно, рече Мицотакис.

Тој додаде дека храмот на Посејдон, „сега кога е осветлен од зраците на 21 век, изјавува дека Грците можат да постигнат многу, со умереност, со самодоверба, со смелост“. /МИА

ВИВА со гордост ја претставува новата категорија на производи – Viva la Cucina!

Компанијата ВИВА, позната по својот врвен квалитет и иновации во индустријата за пијалаци во изминатите 30 години, го проширува своето портфолио со нова категорија на производи „Viva la Cucina“, која вклучува повеќе типови кечапи и доматни сосови

Новите производи од „Viva la Cucina“ претставуваат комбинација од премиум квалитет и практичност, задржувајќи ги богатите традиционални вкусови и значително олеснувајќи го секојдневното готвење и подготовката на зимници. Категоријата „Viva la Cucina“ е создадена со идеја да одговори на предизвиците на современото динамично секојдневие, кога времето е ограничен ресурс, а обврските се бројни.

Сите производи од оваа категорија се направени од најсочните и внимателно одбрани македонски домати, со цел да донесат автентичен вкус и кулинарска иновација во секоја кујна. „Viva la Cucina“ вклучува пет извонредни вкусови: благ и лут кечап, како и благ (класик), лут (чили) и медитерано (со зачини) доматен сос.

Петте типа на кечапи и доматни сосови се спакувани во практични флексибилни амбалажи со капаче, кои овозможуваат брза и лесна употреба, максимална искористеност и зачувување на вкусот и квалитетот.

„Нашата мисија е да создадеме производи кои не само што внесуваат свежина и иновација во секојдневното готвење, туку и будат задоволство преку вистинските, автентични вкусови на нашето поднебје. „Viva la Cucina“ е резултат на нашата целосна посветеност кон врвниот квалитет и страста со која создаваме нешто посебно за секое семејство, за секоја трпеза,“ велат од менаџментот на ВИВА.

Новата производствена линија е достапна во продажба од почетокот на оваа година, а за првпат беше претставена на годинешниот настап на ВИВА на светскиот саем за храна и пијалаци „Gulfood“, кој се одржа во Дубаи.

Во своето 30-годишно постоење, ВИВА континуирано инвестира во развој на своето портфолио, нудејќи квалитетни, практични и иновативни производи на пазарот. Доматните сосови и кечапите се веќе втора категорија со која ВИВА го проширува своето портфолио оваа година, по успешното лансирање на петте различни вкусови на „Viva Smoothie“.

Киелини доби менаџерска улога во Јувентус

 Поранешниот долгогодишен фудбалер и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во италијанскиот гигант во улога на менаџер.

„Се вратив дома, во друга форма и улога, Јувентус е дел од мене“, објави синоќа Киелини на социјалните мрежи.

Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи на Јувентус.

Киелини со Јувентус одигра 561 натпревари, а освои девет титули во Серија А, пет во Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампиони (2015, 2017).

Киелини ја заврши својата фудбалска кариера минатата година, додека настапуваше за Лос Анџелес./МИА

притисни ентер