И сметководителите бараат итни мерки на поддршка

Голем број на компании кои вршат сметководствени услуги најавуваат затворање  на своите бизниси поради намалената ликвидност, велат од Комората на сметководители.

Додаават - податоците од почетокот на годината покажале пад на прометот од 15 до 20 проценти, додека заклучно со март некои фирми забележале пад и до 40 проценти. И тие бараат итни мерки за поддршка..

Сметковоителите се жалат и на комплицираните постапки за бескаматните кредитие што од денеска се достапни за микро, малите и средните претпријатија.

Потребни биле 8 документи од различни инистуции кои треба да се обезбедат со шетање по шалтери.

Од комората исто така порачуваат дека мерките што се донесени и ќе се носат во иднина да важат за сите сектори, а не само во турзам, транспорт и угостителство, како прво погодени..

Баербок го повика на разговор рускиот амбасадор, по приведувањето за шпионажа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок го покани рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, на дискусија во врска со притворањето на две лица осомничени за шпионажа за Русија, пишува весникот „Билд“.

Германското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека вршеле разузнавачки активности во корист на Русија.

Обвинителството изјави дека се работело за германско-руски државјани.

Германското обвинителство соопшти и дека двајца мажи, Дитер С. и Александар Ј., биле уапсени под сомнение дека се руски шпиони кои подготвувале бомбашки напади во Германија.

Дитер, според обвинителството, бил во контакт со руски разузнавач од октомври 2023 година и учествувал во заговор за предизвикување бомбашки напади и подметнати пожари во Германија, вклучувајќи и американски воени бази.

Целта на тој заговор била да се поткопа воената помош што Германија ѝ ја дава на Украина, а Дитер собирал информации за целите на потенцијалниот напад, пренесува Дојче веле (ДВ).

Германската федерална полиција кај него пронашла фотографии и видео снимки од таргетираните објекти, кои му ги испратил на директорот, а Александар му помагал најдоцна од март годинава.

Александар е обвинет и дека бил член на странска терористичка организација, односно воена единица на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) во источна Украина од 2014 до 2016 година.

Невидено невреме во Пакистан и Авганистан, во поплавите загинаа најмалку 140 луѓе (ВИДЕО)

Бројот на загинати од силните бури во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области метеоролозите предвидуваат уште пообилни врнежи од дожд.

Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.

Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во соседен Авганистан, околу 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите низ целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за управување со катастрофи.

Екстремните временски настани се зголемуваат поради климатските промени. Обилните врнежи од снег и дожд изминатите месеци во Авганистан предизвикаа големи штети и бројни жртви по невообичаено благата зима.

Екстремните временски настани како поплави и суши се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите. Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на негативните ефекти од климатските промени.

СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.

Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик. Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

притисни ентер