Пред стотици гости, пратеници, верски лидери во салата Свети Ѓорѓи во Големата палата во Кремљ, Владимир Путин порача дека Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон од денеска се руски засекогаш. Во говор проследен со овации, а на кој претходеше едноминутно молчење за руските жртви во војната, рускиот претседател рече, Западот нека запомни, тоа се сега наши граѓани. Советскиот сојуз веќе не постои, тоа е историја, која на Русија не ѝ е потребна.
-Денеска потпишуваме договор за приклучување во составот на Русија на Република Доњецк и Лиганск и Запорошката и Херсонската област. Убеден сум дека Федералното Собрание ќе ги поддржи Уставот и законите за присоединување Кон Русија на четирите нови региони и нови субјекти на Руската Федерација, затоа што тоа е волја на милиони луѓе. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
И додека во Кремљ се официјализираше анксијата на четирите региони, под неговите ѕидини, на Црвениот Плоштад се прават последните подготовки за вечерашниот концерт, со единствената дилема кај Русите дали ќе присуствува и Владимир Путин. И додека Москва се подготвува за славје, а државната телевизија во програмата одбројуваше до историскиот чин, крвав масакр претпладнето потсети дека мирот е подалеку од кога и да е. Најмалку 24-ца цивили загинаа, а 30-ина се ранети, во сега анектираното Запорожје, во како што обвини украинската војска, руско гранатирање на конвој со цивилни возила. Москва отфрла одговорност и ги обвинува украинската сили за нападот, во кој половина од жртвите биле жени, вклучително и едно дете.
Украинскиот претседател Зеленски го свика Советот безбедност и порача дека ќе ги поврати сите украински територии. На руски јазик побара поддршка и од граѓаните на Русија.
-Ова се уште може да се заопре. Но за да се запре ова, вие треба да го запрете тој еден (Путин) во Русија, кој сака војна повеќе од живот, вашиот живот, граѓани на Русија. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.
Осуди и денеска пристигнуваат од сите западните сојузници. По најавениот 8-ми пакет санкции на Брисел, и Вашингтон најави нови остри мерки против Русија.
-Сакам да бидам многу јасен во врска со ова, САД никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските претензии врз суверената украинска територија. Овој таканаречен референдум беше лажна, апсолутна измама со резултатите фабрикувани во Москва. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.
-Ова е спротивно на целите и принципите на Обединетите Нации. Ова е опасна ескалација, за која нема место во современиот свет и не смее да се прифати. , изјави Антонио Гутереш, Генерален секретар на ОН.
Анектирањето на четирите украински региони, следи една недела по таканаречените референдуми во четирите региони, кои по урнекот на Крим, пред осум години, се изјаснија за припојување кон Русија. Доколку се реализира руското сценарио, Украина би загубила 15 проценти од територијата, односно 90 илјади квадратни километри, што за споредба чинат една Португалија или Унгарија.