И натаму не е познато од што биле затруени питомците и офицерите во воената академија

Се уште не е позната причината за труењето на дваесте питомци и двајцата офицери од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ кои пред неколку дена биле примени со повраќање, болки во стомакот и дијареа. 

Од инситутот за јавно здравје велат дека добиените приморци од страна на инспекротите од ДСЗИ и Агенцијата за храна и ветеринарство се во тек и се чека да се најде причинителот за труењето. Од инстутот за јавно здравје реагираа дека треба да се земат и брисеви и копрокултура од вработените од кетринг фирмата и од Скопје и фирмата за слатки од Струмица.

Од инфективната потврдија дека сите се пуштени на домашно лекување, а вчера попладне во клиниката дошол уште еден питомец, но бил амбулантски третиран и бил пуштен на домашно лекување. Според последните информации на ДСЗИ фирмата која дистрибуирала храна е затворена и она што на терен виделе во кујната е недоволна хигиена. Од клиниката за инфективна клиника објаснија дека симптомите биле од труење на храна. Во моментот сите затруени од академијата се пуштени на домашно лекување.

Хезболах со ракети ја погоди Хаифа

Ракети на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата.

Хезболах соопшти дека гаѓал на воена база јужно од Хаифа со проектил „Фади 1“.

Медиумите јавуваат дека две ракети паднале на Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале на Тиберија, на 65 километри.

Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница.

Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.

Во текот на изминатите неколку часа, воздушни напади ги погодија магацините за оружје на Хезболах во областа Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.

Воздушните напади, исто така, погодија цели на Хезболах во јужен Либан и во областа Бека, вклучувајќи складишта за оружје, инфраструктурни локации, команден центар и фрлач, соопшти војската. Таа го обвини Хезболах дека намерно ги става своите командни центри и оружје под станбени згради во срцето на градот Бејрут и го загрозува цивилното население.

Националните партии доминираат на локалните избори во БиХ

 Според првите прелиминарни резултати од локалните избори во БиХ, најголемите национални политички партии во земјата успеале да ја зачуваат контролата врз мнозинството општини и градови, но некои од нив не успеале да постигнат важни изборни цел

Според податоците што претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, ги претстави во седиштето на партијата во Мостар, партијата ги постигнала своите изборни цели.

Претседателот на ХДЗ 1990 Илија Цвитановиќ изјави дека неговата партија ќе биде претставена во сите општински совети на сите места каде што има кандидати.

Во Сараево доминираат трите партии кои го сочинуваат бошњачко-граѓанскиот блок во коалицијата која моментално е на власт во Босна и Херцеговина и успеаја да зачуваат некои од клучните упоришта како што е Тузла.

Партијата Народ и Правда (НиП), на чело со Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, исто така ги задржа лидерските позиции што ги имаше до сега и освои некои нови, забележувајќи голем пораст на популарноста.

Лидерот на СДП Нермин Никшиќ рече дека партијата не е задоволна од постигнатите резултати.

Претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ изјави дека во споредба со изборите од пред четири години, неговата партија добила осум нови началнички места и тврди дека иако неговата партија нема началнички места во општините што го сочинуваат градот Сараево, забележала „силно зголемување“ на бројот на советници во општинските совети.

Во Република Српска, портпаролот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Радован Ковачевиќ синоќа изјави дека кандидатите на партијата победиле во 47 општини на локалните избори во ентитетот, а во уште три со коалициските партнери.

- Во цела Република Српска нашите кандидати ќе слават. Остануваме подготвени да одолееме на сите притисоци и однадвор и од внатре. Со овие избори добивме потврда дека сме на вистинскиот пат. Политиката на Милорад Додик ја ужива целосната доверба на граѓаните на Република Српска, рече Ковачевиќ, пренесе РТРС.

На локалните избори право на глас имаа нешто повеќе од 3,4 милиони жители, а според податоците кои Централната изборна комисија на БиХ (СИП) ги собрала по затворањето на гласачките места, на гласање излегле нешто помалку од 48 отсто од запишаните избирачи.

Вчерашните локални избори во Босна и Херцеговина беа осми од прогласувањето независност во 1992 година, а на нив беа избрани началници на општини и градоначалници, како и општински и градски совети и собранија во 143 локални заедници – 111 општини, 32 града и округот Брчко, која е посебна административна единица.

На изборите учествуваа 110 политички партии, 386 кандидати за градоначалник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати се бореа за места во парламентите на локалните заедници.

Фон дер Лајен: Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ

Нападите на Хамас врз Израел донесоа огромно страдање на израелскиот народ и невините Палестинци.

Не може да има оправдување за терористичките акти и варварски напади на Хамас врз Израел, кои уште еднаш најсилно ги осудувам, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по повод годишнината од ланските напади на палестинската исламистичка група врз израелската територија во кои беа убиени 797 цивили, меѓу кои 36 деца и 379 припадници на безбедносните сили, околу 3400 лица беа ранети, а 251 Израелец беа одведени како заложници.

- На 7 октомври 2023 година, светот се разбуди со ужасни слики на неискажливо дивјаштво, сцени кои засекогаш ќе останат врежани во нашите умови. Тие донесоа огромно страдање не само на народот на Израел, туку и врз невините Палестинци. На оваа трагична годишнина сакам да оддадам почит на жртвите. Европската Унија жали за сите невини луѓе чии животи се уништени од тој кобен ден, наведе Фон дер Лајен во изјавата.

Таа потсетува дека ЕУ постојано повикува на итен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и за прекин на конфликтот, како и дека ги поддржува тековните дипломатски напори за постигнување сеопфатен договор

Според Фон дер Лајен, една година подоцна, хуманитарната ситуација во Газа е ужасна, па затоа ЕУ ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди финансиска поддршка и да ја олесни испораката и дистрибуцијата на хуманитарна помош, како до палестинскиот народ, така сега и во Либан.

- Терористичките напади на Хамас врз Израел поттикнаа спирала на насилство што го доведе целиот регион во состојба на екстремна тензија и нестабилност. Сите страни мора да дејствуваат одговорно, воздржано и да се ангажираат за деескалација на сегашните тензии, наведува претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен потенцира и дека додека работи на справување со сегашната криза, Европската Унија настојува да помогне да се подготви теренот за идните чекори во мировниот процес.

- Ќе ги поддржиме сите напори за постигнување услови за траен мир, што ќе доведе до решение за создавање две држави - Израел и Палестина, кои ќе коегзистираат една покрај друга во мир и безбедност. Тоа е единствениот остварлив пат напред за конечно да се стави крај на страдањето, нагласува Фон дер Лајен.

Таа, исто така, истакна и дека ЕУ сочувствува со еврејските заедници ширум светот во услови на нагло зголемување на антисемитските инциденти.

- Мора колективно да се бориме против ова зло каде и да се шири - вклучително и онлајн. Ќе продолжиме да ја имплементираме, а по потреба и да ја ажурираме, нашата Стратегија за борба против антисемитизмот. Ќе посветиме повеќе ресурси за оваа цел. Секој треба да биде слободен да ја исповеда својата вера во нашата Унија. Се гордееме со нашата различност. Мораме да ја заштитиме по секоја цена, додава Фон дер Лајен во пораката по повод годишнината од ланските напади на Хамас врз Израел.

притисни ентер