И банките го напуштија Доналд Трамп

Семејниот бизнис на американскиот претседател Доналд Трамп страда додека странските и американските банки ги прекинуваат деловните врски со него, по немирите што избија на 6 јануари во зградата на американскиот Конгрес.

Како што објави „ The Wall Street Journal“,Professional Bank со седиште во Корал Гејблс , Флорида одбила да соработува со компаниите на сегашниот претседател на САД, следејќи ја Дојче банк и Сигнар банк.

Според весникот, банката најавила дека веднаш ќе ги прекине деловните односи со Трамп и дека нема намера во иднина да прави деловни активности со неговите деловни организации.

Покрај тоа, според „ The Wall Street Journal“, големата компанија за недвижнини „ Vornado Realty Trust“, која што заедно со Трамп е сопственик на облакодери во Њујорк и Сан Франциско, одлучила да ги прекине плановите за рефинансирање на двата проекти.

Како што објасни Волстрит журнал, една од причините биле „немирите во Капитол, по што многу доверители станаа многу повнимателни во контактите со семејството Трамп“.

Блумберг објави во вторникот дека Дојче банк и Сигнатор банк одлучиле да се откажат од соработката со Трамп по настаните на 6 јануари во Вашингтон. Оваа информација ја потврди и The Wall Street Journal. Според неговите извори, Дојче банк „се обидува да се дистанцира од деловната активност на претседателот и веројатно нема да му обезбеди нови заеми“.

Во меѓувреме, потсетува весникот, банката претходно се сметала за „една од најверните партнери на Трамп“.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот на САД, обидувајќи се да спречат потврда на резултатите од претседателските избори на 3 ноември, на кои што победи демократот Џо Бајден.

Претставничкиот дом на САД вчера гласаше за отповикување на претседателот Доналд Трамп поради поттикнување на нападот на неговите приврзаници врз Капитол минатата недела. Трамп со тоа стана првиот претседател во историјата со два инпичмента.

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

притисни ентер