Хурем: Избегав од Турција зашто животот ми беше во опасност!

Турската актерка Мерјем Узерли, позната како Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, не планира да се врати во Турција бидејќи смета дека таму животот би и бил загрозен.

Актерката, која треба да се породи кон крајот на јануари, истакнува дека од родната земја избегала зашто животот и бил во опасност.

- Морав да заминам од Турција. Се обидов да скокнем од тераса поради сето тоа. Направив многу грешки. Си зададов напорно темпо, работев како машина и по цели ноќи учев текстови. Мојот живот стана серијата и Хурем – кажала актерката која неодамна за реклама за пелени добила половина милион евра.

Таа додала и дека никогаш нема да му се врати на поранешниот свршеник, но оти се надева дека еден ден ќе може да му прости зашто ја напуштил. /Извор: Блиц/

Мицкоски и Ахмети на едночасовна средба во Собранието

Попладнево во Собранието се сретнале лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски со претседателот на ДУИ , Али Ахмети.

Средбата се оддржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство.

Други детали од средбата засега не се откриваат.

Рита Ора повторно го запали Инстаграм со жешка поза (ФОТО)

Рита Ора позира во минијатурен костум за капење и ги воодушеви фановите со својот изглед.

Пејачката објави неколку фотографии во златно бикини со деколте во преден план и собра многу комплименти.

„Прекрасна си“, „Леле“, „Гориш“, ја пофалија нејзините воодушевени обожаватели. Патем, 29-годишната Рита во моментот е на одмор на Ибица со своето десет години постаро момче, Ромеин Гаврас. Таа е во врска со него веќе четири месеци.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

притисни ентер