Хуманитарна трибина за реновирање на куќа на социјално ранливо семејство во општина Центар

Вечерва во „Станица 26" се одржа хуманитарна трибина во која се вклучи српската музичка група „Београдски синдикат“ која утре ќе учествува на „Таксират“. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Експлозијата во Бејрут направила кратер од 124 метри (ВИДЕО)

Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари.

Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.

Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.

Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.

Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.

Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри.


Мелбурн е град на духови , почна четвртиот степен на карантин (ВИДЕО)

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн влезе во првиот ден од шестнеделниот карантин и повеќето продавници и канцеларии се затворени, додека властите се борат против вториот бран на пандемијата.

Продавниците се затворени, а улиците се напуштени во овој град со пет милиони жители, главниот град на австралиската држава Викторија, каде што во последните 24 часа се евидентирани 471 случаи на инфекција со коронавирус и осум смртни случаи поврзани со инфекцијата.

Австралија сега бележи вкупно околу 20,000 заболени и 255 смртни случаи, што е сè уште многу помалку отколку во многу други развиени земји.

Но, порастот на инфекцијата во државата Викторија се заканува дека ќе се прелее во остатокот од земјата. Нов Јужен Велс вчера забележа 12 нови случаи на ковид-19, односно вкупно 483.

„Веќе еднаш ја исправивме таа крива, повторно ќе ја исправиме“, изјави министерот за здравство Грег Хант пред новинарите.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика жителите на Мелбурн, кои со недели живеат со поблаги карантински мерки, да останат мирни и покрај зголемената побарувачка за продукти во супермаркетите.

„Нема потреба луѓето да прават резерви со храна за повеќе месеци“, им рече Ендрус на новинарите во Мелбурн.

Кланиците се меѓу ретките компании на кои што им е дозволено да останат отворени во Мелбурн, иако има намален број работна сила.

„Се обидовме да постигнеме рамнотежа помеѓу намалувањето на движењето, со што ќе се намали бројот на случаи, но без да се загрозат потребите на граѓани во супермаркетите“, додаде Ендрјус.

Националната стапка на невработеност ќе се искачи на околу 10 проценти благодарение на обновените рестриктивни мерки во државата Викторија, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

„Овие мерки ќе имаат многу значајно негативно влијание врз нашиот пат кон закрепнување“, рече премиерот.

Авион на ООН со 20 тони медицински материјал, пристигна во Бејрут

Авион со 20 тони медицинска помош на ООН пристигна во Бејрут.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека медицинската нега ќе биде дистрибуирана и во други болници во Либан кои добиле пациенти од Бејрут, бидејќи три болници во градот веќе не се функционални, а две се делумно оштетени од експлозијата.

„Легендарната отпорност на либанскиот народ ретко била на толку сериозен тест“, се вели во соопштението на Светската здравствена организација, истакнувајќи дека катастрофалната несреќа во вторникот се надоврза на немирите во земјата, економската криза, пандемијата на коронавирус и приемот на скоро 900.000 сириски бегалци.

притисни ентер