Хуманитарна акција на Алкалоид со песната „Чукни во дрво“ (ВИДЕО)

Една од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија.

Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Алкалоид по повод својот 85 годишен јубилеј ќе го постави видоеспотот на нивните дигитални канали.

За секој преглед на спотот компанијата ќе донира по еден денар на Клиниката за детски болести во период од 10 јуни до 20 септември.

Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите.

СДСМ Арачиново за скандалозната објава - Фејсбук странцата била хакирана

Фејсбук странцата била хакирана – вакво е образложението на претседателот на општинскиот огранок на СДСМ од Арачиново

Фејсбук странцата била хакирана – вакво е образложението на претседателот на општинскиот огранок на СДСМ од Арачиново, за скандалозната објава со повик членовите да се пријават во нивните канцеларии доколку сакаат да бидат примени за професионални војници во АРМ.

Арменд Рамадани во писимена изјава за Канал 5 тврди дека ниту тој, ниту останатите општински фунционери не стојат зад објавата, која веќе е избришана, а од неа синоќа се огради и централата на СДСМ, најавувајќи одговорност по расчистувањето на случајот..

-Потполно ја отфрлуваме таа објава, бидејки СДСМ не е агенција за вработување.- Арменд Рамадани, претседател на О.О СДСМ – Арачиново.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ не верува на објаснувањата и оградувањата на СДСМ и обвинува за партиски вработувања, со знаење партискиот врв.

„Ова е дебакл за владата, за Ковачевски, за Петровска и за целиот нивен кабинет. Се срамам што овие луѓе ја претставуваат Македонија што треба да учествуваат на Самити на НАТО, се срамам што ја водат Македонија така едни неспособни, едни криминални луѓе што ја партизираат државата.“-Драган Ковачки, ВМРО – ДПМНЕ.

Се огради и Министерството за одбрана. Тврдат дека ќе изберат војници кои ќе ги исполнат критериумите, а влијанија не се дозволуваат.

-Ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите за стручност и компетентност.- Министерство за одбрана.

Со сличен став се огласија и од владата.

„Ставот на Владата е политичките партии да бидат подалеку од Армијата и тој став е јасно изразен во измените на Законот за служба во Армијата.“-Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Огласот за враобтување на 200 војници завршува денеска.

ЦУК: Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во Вардар

Потрагата се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Вардар кај с.Желино, велат од ЦУК.

Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти - институции од Системот за управување сом кризи (СУК) и денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Вардар кај мостот во село Желино.

По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на л9окалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовремено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

Од 14.30, според официјалните извештаи добиено во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот. Исто така, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13.30 часот по течението на реката, почнувајќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачкиот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе ве известиме по добивање на информациите.

Со почит,

Центар за управување со кризи

Владата бара разрешување на директорот на „Водостопанство“

Владата на последната седница го задолжи Управниот одбор на АД „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот, Локман Лимани и наложи надоместоците за членовите на Управниот одбор да се намалат за 50% во следните 12 месеци.

Ова според соопштението е заклучокот од владината седница на која што се разгледуваше прашањето за акционерското друштво кое е во долгови и чии вработени излегоа на протест да си ги бараат платите.

Од Локамни не добивме коментар на оваа владина одлука туку само информација дека се работи за препораки за раскинување на менаџерски договори и склучување на нови според препораки на министерството за финансии.

Претходно министерто за земјоделство Николовски за неисплатените веќе 4 плати и придонеси на државното Водостопанство се прогласи ненадлежен и остави со ова да се занимава Владата со појасснување дека од пред 4 години имаме добиено 3 милиони европски пари за проект кој треба да го врати стариот модел на управување со водоснабдувањето - локално преку водни заедници.

Во изминатиов месец протести за неисплатените плати и придонеси протести имаа речиси сите водостопански претпријатија кои својата работа на терен ја вршат, имаат и наплата на воден надомест а парите од централата не стигнуваат за плата.

Прстот за лошото менаџирања на Лимани го вперија и кочанските оризопроизводители за неплатените семтки за струја на водостопанство брегалница, тиквешките лозари остануваа без вода по каналите и со намалени приноси заради откажаните ремонти на пумпите во село Марена, а чашата се прелеа кога од ССМ во чиј склоп е агро синдикатот најавија дека ќе побараат предстечајна постапка за државното водостопанство.

За скандали поврзани со работењето на кадарот на Алијанса Лимани обвинија претходно и левица кои обвинуваа дека тој се луксузира а Вмро дпмне објави дека механизацијата на ова претпијатие се давала под закуп на прватни фирми по нереално ниски цени во исто време кога се откажувале барања за чистење на речни корита заради недостиг од механзиација.

притисни ентер