Холивудски ѕвезди против реално шоу во нивното маало!

Елитната калифорниска населба Калабасас се дигна на нозе, откако еден познат режисер одлучи токму во нивниот кварт да снима реално шоу.



Во овој калифорниски кварт живеат тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер, семејството Џексон и семејството Кардашјиан. Сите тиа заедно со останатите нивни комшии од оваа елитна населба се против идејата на познатиот продуцент.

Иако во оваа населба се снимаа многу реални шоуа , во нив секогаш се снимаше живото на само едно семејство ,но сега идејата на режисерот е поинаква и токму поради тоа предизвикува револт.
Имено , сега идејата на режисерот е да се снима реално шоу за живото на богатите и славните луѓе од овој кварт, односно да се прикажат сите жители на Калабасас и како они навистина живеат , без посебни шминкери, сценарија и се останато.
Откако жителите на елитната населба го дознаа сценариото веднаш се побунија и дури успаа да напишат нов правилник во кој пишува дека на улиците на смее да се снима без дозвола на мнозинството од жители на Калабасас.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер