Холандскиот премиер се вози на велосипед, додека е под закана од мафијата

Холандија значително ја засили заштитата на премиерот Марк Руте, откако полицијата добила извештаи за можен напад од криминалци поврзани со дрога, објави денеска холандски весник, повикувајќи се на извор запознаен со оваа работа.

Иако вооруженото насилство е ретко во Холандија, убиствата и насилствата поврзани со дрога станале вообичаени во последниве години, додека подземните господари се борат за територија.

Владин извор, кој сакал да остане анонимен, ги потврдил написите на Де Телеграф. Холандските власти за национална безбедност одбиле да го коментираат случајот.

„Безбедноста и заштитата се прашања за кои никогаш не треба да се зборува јавно“, им рекол Руте на новинарите.

Руте, чија конзервативна влада вети дека ќе го сузбие организираниот криминал, отсекогаш се обидувала да одржи ограничено ниво на лична заштита од преземањето на функцијата премиер пред речиси 11 години.

Често може да се види како патува со велосипед до и од својот дом и владините згради во Хаг, а честопати му пристапуваат минувачи кои сакаат да разговараат со него или да направат селфи.

Знак за зголемено насилство во трговијата со дрога бил кога водечкиот холандски новинар за криминал Питер Р. де Врис беше застрелан среде бел ден во Амстердам во јули, неколку месеци откако стана доверлив човек на клучен сведок во судењето за голем организиран криминал. Тој починал од здобиените повреди неколку дена подоцна.

Поранешен адвокат на клучен сведок е убиен на сличен начин пред неговиот дом во Амстердам во 2019 година.

Заканите кон политичарите во Холандија не се невообичаени. Лидерот на антиисламската опозиција Герт Вилдерс беше принуден да живее во безбедна куќа и да биде опкружен со телохранители од 2004 година поради постојаните закани по живот.

Во последниве месеци, неколку луѓе во Холандија биле казнети или осудени на кратки затворски казни за закани кон министри и пратеници, главно за незадоволство од политиките воведени во пандемијата на коронавирус.

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер