Хоџа: Се додаваат по два денара од винарските визби за достигнување на договорените цени

Овие денови заедно со премиерот Зоран Заев сме работеле интензивно за изнаоѓање на решение и во разговор со винарските визби, напиша на ФБ министерот Аријанит Хоџа. 

-Успеавме да најдеме решение со тоа што се договоривме уште вечерва сите винарски визби да ги истакнат следните цени: „смедеревка" 10 денари/кг и „вранец" 12 денари/кг, информира министерот за а земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Хоџа во објавата на својот фејсбук профил посочува дека на сите лозари што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка, односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени.

– Како и што ветивме дополнителните 2 денари за предадено грозје ќе важат и за ова реколта, со тоа што разгледуваме можност за дополнителна подршка која заедно со здруженијата на лозарите ќе треба да ги дискутираме на следниот состанок што ќе се одржи во петок во МЗШВ. Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате, напиша Хоџа.

Тој изразува благодарност до премиерот Зоран Заев за неговата подршка и вклученост во целата дебата за изнаоѓање на најдобро можно решение на проблемите на лозарите.

Хоџа посочува дека како Влада остануваат посветени да бидат меѓу земјоделците и за сите проблеми да наоѓаме најдобри можни решенија.

Винариите пред неколку дена ги објавија откупните цени на грозјето, според кои 11 денари беа предвидени за „смедеревка" и 12 денари за „вранец".

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

притисни ентер