Хелсинки од денеска е во карантин за да се спречи пандемијата

Хелсинки од денеска е во карантин за да се спречи пандемијата.

Во главниот град, на Финска каде се регистрирани повеќе од 500 случаи на Ковид-19, живеат 1,7 милиони луѓе, што е еднакво на една третина од населението на земјата.

Во земјата регистрирани се вкупно 880 случаи, а тројца починаа.

Финската премиерка Сана Марин синоќа објави дека главниот град Хелсинки и областа околу него ќе бидат изолирани од остатокот на земјата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Реонот на главниот град е најголемо жариште на Ковид-19 во Финска.

– Влегувањето и излегувањето од главниот град ќе биде забрането за граѓаните  до 19 април.

Во Финска се тестираат само пациенти со висок ризик. Властите велат дека нивниот реален број може да е 30 пати поголем.

притисни ентер