Хакирани твитер профилите на Обама, Гејтс, Маск, Епл..

Во серија на хакерски напади изминатото деноноќие настрадаа твитер профилите на бизнисмени и политичари од САД.

На мета на ај-ти виртуозите покрај најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс, Џеф Безос и Илон Маск, се најдоа и поранешниот претседател на САД Барак Обама, како и кандидатите за шеф на државата, Џо Бајден и раперот и независен кандидат Канје Вест. Целта на нападите сепак, не била кон нив, туку хакерите барале биткоини, а на секој од профилите се појави речиси иста порака која гласеше:

-Му помагам на општеството поради ситуацијата со ковид 19! Секој испратен биткоин на мојата адреса подолу, ќе биде возвратен дуплирано. Доколку испратите илјада долари, ќе ви бидат возвратени 2000 долари. Понудата е отворена во наредните триесет минути. Уживајте! -Барак Обама .

Сепак сопствениците на профилите и Твитер брзо реагираа, па пораките беа повлечени, а на темата се огласи и првиот човек на компанијата Џек Дорси. Тој вели дека ова тежок ден за социјалниот медиум и дека не им е баш најпријатно поради случката.

-Сеуште истражуваме, при што ќе ги споделиме сите детали кога ќе имаме повеќе сознанија за тоа што точно се случило. Испраќам љубов до целиот тим кој вредно работи да се исправи ситуацијата.- Џек Дорси.

Експертите за заштита од сајбер напади велат дека ова е можеби најголем напад до сега на социјален медиум.

-Ова не се вести кои сакате да ги видите во толку загреана изборна сезона, ако тие можат да го хакираат Илон Маск и Бил Гејтс, кои се едни од најбрилијатните умови на технологија на планетата,Ден Нејтан експерт.

Ваквите напади на твитер профилите на американски политичари и бизнисмени не се новина. Слични такви имаше и во текот на предизборието во САД во 2016 година кога државата беше мета на повеќе хакерски напади, што влијаеа и на изборите во САД таа година.

Порно актерка ги возбуди фудбалските навивачи (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд, завршија натпреварите во италијанската Серија Б, а крајот на сезоната го означи враќањето на Салернитана по 23 години во највисокиот ранг.

Навивачите на италијанскиот клуб од градот Салерно бурно го прославија пласманот во Серија А, а фотографијата од прославата на една од навивачките го обиколи светот.

Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.

"Во добро и лошо, вашата кума секогаш ќе биде таму. Моето срце чука забрзано за местото во Серија А, следната година сме шампиони", напишала Присила и објавила фотографии од прославата на својот Инстаграм профил.

Австријка стана хит поради еластичноста, си сипува чај со нозете (ВИДЕО)

Стефани Милингер од Австрија стана хит на социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии и видеа кои покажуваат колку е еластична.

Флексибилната 28-годишна Австријка го витка своето тело на навидум незамисливи начини, а својот талент го покажа и во германската верзија на шоуто Суперталент.

"Главно добивам различни реакции. Луѓето или коментираат дека работите што ги правам се глупави и дека го ризикувам мојот живот поради кликови или ме поддржуваат затоа што го работам она што го сакам. Јас само сакам да покажам што сум способна да направам", изјави Стефани за Метро.

Таа исто така пронашла интересен начин да сипува чај, а научила и да слика и држејќи ги четките со прстите на нозете.

Трамп ја зајакнува позицијата во неговата партија, ја смени од важна позиција Лиз Чејни

Доналд Трамп денеска го потврди своето влијание врз републиканците со исфрлањето од партискиот врв на Лиз Чејни, која  не ја толерира.

Таа конзервативна лидерка „нема личност и не направи ништо добро за нашата политика и за нашата земја“, коментира поранешниот претседател на САД и поранешен магнат за недвижнини.

Со затворено гласање за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом ја тргнаа Чејни од позицијата трета по ранг во пратеничката група на републиканците.

„Немаше многу гласови“ за да ја поддржат, изјави пред новинарите пратеникот од Флорида, Бајрон Доналдс, кој гласаше за нејзино разрешување.

„Ќе направам се што е во моја моќ да се осигурам дека поранешниот претседател никогаш повеќе да не влезе во Овалната соба“, одговори Лиз Чејни веднаш по гласањето.

„На земјата и треба силна републиканска партија заснована врз главните принципи на патриотизам и ветувам дека ќе дадам се од себе партијата да оди во таа насока“, рече ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Лиз Чејни негодуваше против Доналд Трамп и немилосрдно ја критикуваше неговата „голема лага“ кога без докази тврдеше дека неговите последни претседателски избори биле „украдени“ и го обвини за поттикнување приврзаниците на насилство и упадот во Капитол.

Чејни, како и уште девет републиканци од долниот дом, гласаа за отповикување на Трамп на 13 јануари под обвинение за бунт по смртоносниот напад на американскиот Капитол една недела претходно. Останатите 197 гласа беа против отповикувањето.

Лиз Чејни (54), ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, беше во републиканската администрација пред нејзината прва победа на изборите за Конгресот во 2016 година.

притисни ентер