Хајредини: Кога ќе доживееме да бидат осудени тие за трагедијата? Триста сведоци се најавени! - Канал 5

Хајредини: Кога ќе доживееме да бидат осудени тие за трагедијата? Триста сведоци се најавени!

„Требаше приоритет да имаат последиците од трагедијата -корупцијата требаше прво, а за енергетика, за економија и кошници, има време“

Хајредини: Кога ќе доживееме да бидат осудени тие за трагедијата? Триста сведоци се најавени!

Со овие што до сега обезбедија да не бидат казнети за кривични дела, од нив очекуваш дека тие се зародиш? Сега треба да почнеме кој што треба да работи. Тоа дека сите сме виновни -е катастрофа. Најлошо почнаа, што стана со обвинителите и судиите, имаат 2% доверба, имаа шанса и што направија до сега? Истите се. Каде има пример, 20 години да прават така и да не одговара ниту еден. Се соочуваме со вистински масакр во судтвото со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ - ова го вели Зијадин Села кој е во Фронтот со Али Ахмети. Која работна група се формира, кога Владата, таа е работна група што подготвува закони и кога ги подготвува може да консултира кого сака. Кога ќе доживееме да бидат осудени? Триста сведоци се најавени, овие двајцата најавуваат работни групи за измените за енергетика, кој им бранеше до сега да се бават со енергетика? Требаше приоритет да имаат последиците од трагедијата -корупцијата требаше прво, а за енергетика, за економија и кошници, има време. Се прави широк фронт да се расплини целата работа. Требаше да водат сметка да ги соберат сите, вели Џевдет Хајредини во Само Вистина.

Кинезите демантираат: Со Трамп не сме разговарале за царините, а уште помалку имаме договор

Кина повика на укинување на сите „еднострани“ американски царини, бидејќи се појавија знаци дека администрацијата на Трамп може да ја деескалира трговската војна со Пекинг.

Кинезите демантираат: Со Трамп не сме разговарале за царините, а уште помалку имаме договор

Кина тврди дека не одржала трговски разговори со Вашингтон и покрај коментарите на американската влада кои сугерираат дека имало ангажман.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изјави дека САД ќе се договорат со Кина, а вчера изјави дека има „директен контакт“ меѓу двете земји.

„Оној што го врзал ѕвоното мора да го одврзе“

Трамп, кој ги нарекува неговите царини „реципрочни“, тврди дека нивната цел е да се поправи неправедниот трговски дисбаланс со САД.

САД треба да ги отстранат сите „еднострани царински мерки“ против Кина „ако навистина сакаат“ да го реши трговскиот проблем, изјави денеска портпаролот на Министерството за трговија, Хе Јадонг.

„Личноста што го врза ѕвоното мора да го одврзе“, рече тој на редовната прес-конференција.

„Не преговаравме со Американците за тарифите“

Администрацијата на Трамп ќе размисли за намалување на тарифите за увезената кинеска стока од сегашното ниво од 145 отсто на меѓу 50 и 65 отсто во очекување на преговорите со Пекинг, објави Ројтерс, цитирајќи извор запознаен со ова прашање.

Тој, исто така, ги повика САД да обрнат внимание на „рационалните гласови“ на меѓународната заедница и домашните партии.

„Кина и САД не одржаа консултации или преговори за царините, а камоли да постигнаа договор“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун на одделен брифинг со новинарите, нарекувајќи ги извештаите за такви информации „лажни вести“.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Renault ја објави цената на својот електричен ѕвер.

Новиот Рено е поскап од Порше 911 (ФОТО)

Иако „петката“ на Рено отсекогаш била замислена како народен автомобил, симпатичен компакт кој ќе биде верен придружник на француските и европските семејства, од 1980 година и првото турбо, овој модел е на мета на љубителите на возењето.

Renault 5 Turbo помина низ две изданија, двете подеднакво екстремни, а потоа пристигна и третата генерација. Како и основниот модел, кој беше реинкарниран како моден електричен градски автомобил, верзијата Turbo исто така стана електрична. Името е Turbo 3E, а единствената допирна точка со неговите претходници се екстремните перформанси. И погон на задните тркала.

155.000 евра

И цената која штотуку е објавена. Како што велат од Рено, за нивниот најрадикален модел ќе бараат неверојатни 155.000 евра, и тоа за првите 500 примероци. Станува збор за основната цена без дополнителни опции или персонализација, на која дефинитивно треба да се смета со поскап примерок.

Маката за клиентите не завршува тука, бидејќи сите заинтересирани заедно со нарачката ќе треба да платат неповратна аконтација од 50.000 евра. Имено, Renault напоменува дека парите од уплатите ќе бидат искористени за комплетирање на развојот на моделот. Сите што ќе платат ќе бидат контактирани на почетокот на следната година, а потоа ќе имаат можност да учествуваат во персонализирање на автомобилот и дополнително зголемување на цената на автомобилот.

Автомобил без конкуренција

Renault 5 Turbo 3E има монококна карбонска шасија и е придвижуван од два електрични мотори од 540 КС. Достигнува 100 km/h за 3,5 секунди, а има батерија од 70 kWh која обезбедува автономија од околу 400 km.

И за крај, да напоменеме дека овој модел нема директен ривал на пазарот, како по перформанси, така и по цена. Не се сомневаме дека продажбата ќе биде успешна, но впечатокот е дека на оваа 5-ка сепак ѝ недостигаат малку гените на својот претходник.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.

Доби казна возачот кој џип возеше по велосипедска патека во скопски Бутел (ВИДЕО)

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило "Ауди" со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. "Бутелска" ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, соопштија од МВР.

YouTube video

притисни ентер