Хајди Клум ја отстранува тетоважата Сил!

Поранешниот топ модел Хајди Клум одлучи од својата подлактница да ја отстрани тетоважата која ја потсетува на поранешниот сопруг Сил.

40 годишната Клум со ласерски третман полека ја отстранува тетоважата на која покрај името на Сил се и иницијалите на нивните три деца.
Хајди Клум и пејачот Сил во јануари годинава се разведоа по шест години брак.

Инаку Хајди и Сил додека беа во брак секоја година го обновуваа бракот, во 2008 година на годишнината од бракот одлучија да си ги тетовираат имињата.


„Беше на неколку третмани, но иницијалите на нивните три деца ќе останат на нејзината рака“ откри извор близок на убавата Хајди, која сега е во врска со својот телохранител Мартин Кристен.

Ковачевски: Минималното зголемување на цената на струјата ќе ги осигура инвестициите

Генералниот директор на АД Електрани (ЕСМ), Васко Ковачевски, изјави денеска дека поскапувањето на струјата, кое според него е минимално, ќе овозможи државната компанија за производство на електрична енергија да се доближи до европските стандарди и да инвестира во преориентирањето кон обновливите извори на енергија.

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим

Претседателот на Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид.

Припадниците на тимот го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, беа прикажани нивните капацитети и способности, како и опремата што ја користат, а беа демоностирани и неколку показни вежби.

Нуркачкиот тим во месец јули престојуваше во Атина, Република Грција, каде заедно со грчката специјална единица изведуваше обука за нуркање. Со тоа, единицата започна циклус на соработка со грчката специјална единица, во рамки на заедничката соработка на двете армии на земји-членки на НАТО. Покрај со грчката армија, ваков вид на соработка се реализира со повеќе армии од земји-членки на НАТО.

Претседателот Пендаровски на припадниците на нуркачкиот тим, кои своите способности ги имаат докажано и во поддршка на цивилни институции, им посака натамошна успешна работа и изрази очекување да продолжи натамошната успешна соработка со партнерските армии од НАТО алијансата.

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија  денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден" во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

притисни ентер