Гутереш: Згрозен сум од страдањето на цивилите во Газа - Канал 5

Гутереш: Згрозен сум од страдањето на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол.

Гутереш: Згрозен сум од страдањето на цивилите во Газа

„Генералниот секретар е згрозен од зголемениот број убиени цивили, вклучително и смртта на десет членови на исто семејство, меѓу кои и деца, во израелскиот воздушен напад синоќа во кампот ал-Шати во Газа“, рече вчера портпаролот Стефан Дујарик.

Најмалку 148 лица, вклучително и 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот, објави Ројтерс.

„Генералниот секретар е исто така длабоко вознемирен од израелскиот воздушен напад што уништи висока зграда во Газа, во која се наоѓаа канцелариите на неколку меѓународни медиумски организации, како и станови“, додаде тој, осврнувајќи се на зградата во која се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед прес (АП) и медиумската куќа Ал Џезира.

АП го осуди нападот и го повика Израел да презентира докази дека, како што тврди, и Хамас бил сместен во зградата.

„Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека секое неселективно насочување на цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегне по секоја цена“, заклучи портпаролот на Гутереш.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Една девојка била потешко и друга полесно поведена, откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Како што стои во соопштението на СВР Велес, патничко возило „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, вчера излетало од коловозот на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“.

- Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19) двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

притисни ентер