Гутереш: Светот е на работ на климатска бездна

Минатата година беше една од трите најтопли во историјата на мерењата и беше обележана со пожари, поплави, суши и топење на глечерите, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Во 2020 година постоеше „двоен удар“ за милиони жители погодени од екстремните временски услови и ограничувачки мерки наметнати поради пандемијата на коронавирус, што ја одложуваше помошта за некои региони, предупреди Светската метеоролошка агенција на ООН (СМО).

Извештајот за состојбата на светот, објавен пред самитот за климатски промени предводен од САД на 22 и 23 април, ги потврдува овие заклучоци.

"Ние сме на работ на бездна. Гледаме рекордни количини на тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, суши, топли бранови и шумски пожари", рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Извештајот покажува дека глобалната температура во 2020 година била за 1,2 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот период, што ја рангира меѓу трите најтопли години, заедно со 2016 и 2019 година.

Портпаролката на СМО истакнала дека поради статистичка грешка, тешко е да се утврди кој од трите години била најтопла.

Меѓу индикаторите истакнати во извештајот се рекордно ниските нивоа на арктичкиот мраз во двата месеци минатата година и фактот дека околу 80 проценти од океаните во 2020 година имале барем еден топлотен бран.

САД имаа рекорден број пожари и бури, а само ураганот Лора, кој ја погоди Луизијана на 27 август, предизвика штета од 19 милијарди долари.

Долината на смртта во Калифорнија ја забележала највисоката температура во последните 80 години во август минатата година, 54,4 степени Целзиусови, се вели во извештајот.

Областа Furnace Creek, сместена во тој национален парк и под нивото на морето, претходно ја имала титулата, место со рекордна температура. Според Американскиот геолошки институт, во 1913 година биле запишани 56,7 степени, но некои научници се сомневаат во точноста на тоа мерење.

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер