"Масакрот продолжи и денес. Овој безумно циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши", рече тој на видео-конференцијата.
Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот е сè уште неизвесна.
"Конфликтите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од една страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од друга страна мора да престанат", нагласил Антонио Гутереш.
„Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и целиот регион“, продолжи тој.
Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион“, додаде тој.
Израелската армија изутринава убила 33 Палестинци, од кои тринаесет деца, во воздушните напади врз Газа, соопштија здравствените власти во Појасот Газа, додека ракети биле истрелани од Газа кон Израел на седмиот ден од борбите.
Од почетокот на конфликтот во Газа во понеделникот, убиени се 181 лице, од кои 52 деца.
Израел објави дека биле убиени 10 нејзини државјани, вклучувајќи и две деца.
Хамас започна да го ракетира Израел во понеделникот, по повеќенеделните тензии околу судската одлука за иселување на неколку палестински семејства од источен Ерусалим и полициските судири со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите.