Гутереш: Пандемијата на корона ги затвори училиштата во повеќе од 160 држави

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш истакна дека пандемијата поради коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворените училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици.

Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година”.

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

– Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите од овој свет, рече Гутереш во видео пораката по повод почнувањето на кампањата на он наречена „Да ја спасиме нашата иднина”.

Груби - Ромео: Италија е наш партнер на патот кон европската интеграција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес оствари работна средба со амбасадорот на Италија ,Карло Ромео.

На оваа средба Груби и Ромео разговараа и за билатералните односи меѓу Македонија и Италија, кои со години се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.

Во оваа пригода, првиот вицепремиер Груби му порача на амбасадорот Ромео дека ја цени систематската поддршка што Италија ја нуди во процесот на евроинтеграцијата на Македонија и изрази задоволство што многу од проектите финансирани од италијанската држава силно ги поддржуваат приоритетите на земјата за членство во најбрз можен рок во Европската Унија.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео изрази голем оптимизам дека во наредниот период, Македонија, како и другите земји, ќе биде силно посветена на зајакнување на економијата и обезбедување соодветна здравствена заштита за своите граѓани како заштита од Ковид-19. Тој исто така рече дека земјата, односно државните институции, ги очекуваа зголемување на обемот на работа се со цел исполнување на европската агенда, вклучувајќи ги овде реформите во борбата против корупцијата, реформите во судството и владеењето на правото, реформи на кои Европската Унија обрнува посебно внимание.

Груби и Ромео разговараа и за развојот на соработката во областа на економијата, обрнувајќи посебен акцент на планот за привлекување повеќе италијански инвестиции во земјата. Исто така разговараа и за размена на практики што би и помогнале на Македонија како идна членка на ЕУ.

МЗШВ:Дополнителна интервентна мерка од 4 денари за килограм предадено грозје

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев  имаше работен состанок во  Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот, министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка, Владата ќе одвои доплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од Ковид програмата на Владата.

“Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и подршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме заради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката остануваат на важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината Ковид програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денари, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Бејл и Регуилон стигнаа во Лондон, наскоро ќе играат за Тотенхем

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пристигна во Лондон каде денес ќе потпише едногодишен договор за заем со Тотенхем.

Би-Би-Си јавува дека 31-годишниот напаѓач слетал на аеродромот Лутон од каде отишол во Енфилд во Северен Лондон каде се наоѓа седиштето на Тотенхем.

Со Бејл во Лондон пристигна и младиот дефанзивец на Реал, Серхио Регуилон, кој треба да потпише петгодишен договор со Тотенхем. Реал треба да собере 35 милиони евра во сопствената каса во име на обештетување.

Регуилон минатата сезона ја помина на позајмица во Севилја, додека Бејл беше играч на Реал во последните седум сезони. Тој беше член на Тотенхем шест сезони пред да се приклучи на шпанскиот шампион, каде пристигна во 2007 година од Саутемптон.

притисни ентер