Гутереш: Нема место за анексии во современиот свет

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш смета дека за анексијата на украинските региони, која треба да биде завршена утре, нема место во современиот свет.

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира официјална анексија на 15 отсто од украинската територија и ќе претседава со церемонијата на потпишување на договорот за припојување на четирите украински региони кон Русија.

„Ниту една одлука за продолжување со анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не треба да има правна вредност и секој заслужува осуда“, рече Гутереш.

„Тоа оди против сѐ што треба да претставува меѓународната заедница. Ги издава целите и принципите на Обединетите нации. Тоа е опасна ескалација. Нема место за тоа во современиот свет. Не смее да се прифати“, додаде Гутереш.

Тој нагласи дека секоја руска одлука да продолжи во таа насока дополнително ќе ги загрози перспективите за мир. Ова ќе ги продолжи драматичните влијанија врз глобалната економија, особено на земјите во развој, и ќе ја попречи способноста на ОН да испорача итна помош за Украина и пошироко.

„Крајно време е да се оддалечиме од бездната“, заклучил Гутереш.

САД подготвуваат резолуција за осуда на „референдумите“ во Украина, кои веќе беа осудени од Западот. Текстот прво ќе биде претставен пред Советот за безбедност на ОН, каде што без сомнение ќе биде блокиран со руско вето, за подоцна да биде претставен на Генералното собрание каде ниту една од 193-те земји-членки нема право на вето.

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше 12 доктори на науки

Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

-Јас работев делумно на Универзитетот овдека, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи оваа поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методолгија во развој која се користи за тумори, вели Чочевска.

Теодоро Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава во погон за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

притисни ентер