Гутереш ги предупреди Кина и САД да избегнат нова студена војна

Двете големи светски економски сили би требало да соработуваат во областа на климата и поактивно да преговараат за трговијата и технологијата, и покрај политичките несогласувања околу човековите права

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди на можноста од нова студена војна и ги повика Кина и САД да го поправат својот „целосно нефункционален" однос пред проблемите меѓу двете суперсили да се прелеат на остатокот од планетата.

„Двете големи светски економски сили би требало да соработуваат во областа на климата и поактивно да преговараат за трговијата и технологијата, и покрај политичките несогласувања околу човековите права, економијата, онлајн безбедноста и суверенитетот во Јужното Кинеско Море. За жал, ние имаме само конфликт денес", рече Гутереш во интервју за Асошиетед прес пред почетокот на Генералното собрание на ОН оваа недела.

Тој истакна дека функционалниот однос меѓу двете сили мора повторно да се воспостави бидејќи е „неопходно да се реши проблемот со вакцинацијата, климатските промени и многу други глобални предизвици кои не можат да се решат без конструктивни односи во рамките на меѓународната заедница и особено суперсилите".

Пред две години, Гутереш ги предупреди светските лидери за ризикот од поделба на светот на два дела, при што САД и Кина создадоа „ривалски интернет, валута, трговија, финансиски правила" и свои геополитички и воени стратегии.

Тој го повтори тоа предупредување во интервјуто, додавајќи дека двете ривалски геополитички и воени стратегии ќе претставуваат „опасност" и ќе го поделат светот.

„Ние мора по секоја цена да избегнеме студена војна која би била различна од претходната и веројатно поопасна и потешка за управување", рече Гутереш.

Тој додаде дека договорот меѓу САД и Велика Британија за да и се помогне на Австралија да изгради подморници со нуклеарен погон за да можат да работат незабележано во Азија е „само мал дел од посложената загатка за целосно дисфункционален кинеско-американски однос".

Во интервјуто, генералниот секретар се осврна на три главни прашања со кои светските лидери ќе се соочат оваа недела: влошување на климатската криза, пандемијата на коронавирус и неизвесната иднина на Авганистан под талибанска власт.

Говорејќи за улогата на ОН во Авганистан, Гутереш оцени дека е нереално да се очекува дека мисијата на ОН во Авганистан „одеднаш ќе успее да создаде инклузивна влада, која ќе гарантира почитување на сите човекови права, искоренување на тероризмот и трговијата со дрога".

„На крајот на краиштата, САД и многу други земји имаа илјадници војници во Авганистан, потрошија милијарди долари и не беа во можност да ги решат проблемите на земјата, а некои веруваат дека ги влошиле", рече Гутереш.

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

притисни ентер