Гуштери шетаат по Марс?

Јапонски блогер тврди дека на фотографија на НАСА од површината на Марс забележал гуштер. Ова тврдење повлече дискусија која оди дотаму дека експертите на НАСА експериментално на планетата Марс оставаат живи организми за научни испитувања!

Фотографијата, на која не се знае дали се гледа гуштер или глушец, е снимена од роботското возило Кјуриосити.

- Овој чуден створ на Марс го откри една личност од Јапонија. Поради водата на Марс која постои во мали количества можно е да се најдат такви мали пустински животни - прокоментира Скот Воринг, уредник на НЛО интернет страница.

Од НАСА нема никаква реакција на прашањата дали тие можеби за научни цели испраќаат живи организми на Црвената планета.

притисни ентер