Групи млади дивеат и го демолираат центарот на Скопје - Канал 5

Групи млади дивеат и го демолираат центарот на Скопје

Дивеење, агресија и демолирање на детско игралиште во Капиштец.

Групи млади дивеат и го демолираат центарот на Скопје

Во загрижувачки видео снимки и фотографии кои ги објавија од општина Центар се гледа како десетици млади луѓе кршат, корнат и уништуваат се пред себе на јавен простор наменет за деца. Видео снимките кои до општината ги испратиле исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец, се гледа како дел од младите лица ја кршат опремата, фрлаат клупи, седишта од нишалки, газат врз пластичните корпи, повеќемина на сила се обидуваат да скршат клацкалка. Останатите не се обидуваат да ги спречат, дел се смеат, ги поддржуваат и снимаат со мобилните телефони. Едно лице во рацете држи дувалка за лисја која наликува на моторна пила, а претходно била украдена од комуналниот пункт во Капиштец.

Според неофицијалните информации на Канал 5 се работи за млади лица од кои дел и се познати на полицијата и против нив веќе се водени постапки.

Ваквиот вандализам и уништување на урбана опрема и детски реквизити е присутен со месец наназад, но кулминира во последните недели особено навечер, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Полицијата е известена, снимките се предадени до наделжните и се очекува МВР да постапи.

Од МВР велат дека добиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир и се работи на расчистување на случајот.

Ваквото девијантно однесување и агресија кај младите луѓе според психолозите се должи на повеќе фактори, но според Мирјана Јовановска Стојановска симптоматично е што во ваквите агресивни однесување мета се детски игралишта. Покрај институциите, вели клучно е и родителите да посветат внимание на своите деца

Овој случај е само еден во низата на дивеење во општина Центар, а детските паркови не се поштедени од уништување и во останатите скопски општини. За да се спречи, покрај навремена институционална реакција, клучна е и улогата на родителите, децидни се експертите.

YouTube video

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

притисни ентер