Заедничката студија објавена минатата недела вели дека најверојатната патека на пренесување на вирусот предизвикана од ковид-19, вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Исклучена е можноста дека вирусот протекол од лабораторија.
Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека студијата е нарушена од политиката.
Тие сакаа да постигнат „компромиси потребни за да се постигне минимална соработка од Кина“, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој го напишал писмото.
Во писмото се наведува и дека заклучоците од студијата се засновани на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебреизус минатата недела изјави дека Кина негирала некои податоци.
Лианг Ванијан, виш кинески експерт за ковид-19, го негирал тоа и се чини дека ги отфрла сите понатамошни заеднички истраги во Кина, велејќи дека фокусот треба да се насочи кон други земји.
Мецл рече дека светот можеби ќе мора да се врати на План Б и да спроведе истрага „на најсистематски можен начин“ без кинеско учество.
Кина ги негира обвинувањата дека САРС-КоВ-2 протекол од истражувачка лабораторија во Вухан, градот каде што првпат бил идентификуван ковид-19.
Заедничката студија на Кина и СЗО дала резултати дека „крајно малку веројатно“ вирусот излегол од лабораторија, велејќи дека „нема податоци“ дека било која лабораторија чува вируси поврзани со вирусот САРС-КоВ-2. Тедрос додаде дека „потребни се повеќе истражувања за да се дојде до подобри заклучоци“.
Мецл истакна дека Кина треба да обезбеди информации што можат да ги побијат лабораториските хипотези.
„Кина има бази на податоци за тоа кои вируси се чуваат во лаборатории“, рече тој, додавајќи дека „постојат типови на научници кои се занимаваат со ова, а ние немаме пристап до тие луѓе“.