Груевски: Законот за волонтери ќе го реши статусот на неколку илјади луѓе

Законот за волонтери навистина ќе им помогне на неколку илјади луѓе што долг период работат на различни основи во јавните и државните институции, оцени премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на 12 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Според него, тие имаат стекнато големо искуство, некои од нив и поголемо од оние што се редовни вработени на неопределено време.

- Некои се во форма на волонтери, разни договори или определено време и слично. Ова е добра можност сите овие кои веќе на некој начин се искусни кадри повеќе од нив да ги завземат на неопределено време, да добијат некоја сигурност во своите позиции и да ги заокружат своите права, затоа што многу од нив немаат соодветни права како што имаат вработените, а работат исто така силно, напорно, успешно како што тоа го прават и вработените, рече Груевски.

Рокот, додаде тој, истекува на 12 март, до кога раководните лица на институциите каде што има вакви луѓе, треба да ги потпишат решенијата со кои ќе стапат во работен однос.

- Ова е одлична можност и за самата државна институција, но и пред се за луѓето кои долго време работеле, се труделе, се мачеле, не им се плаќале придонеси или пак земале некои минимални средства за волонтери и слично, сега да добијат една сигурност и да продолжат со своето работење. Патувајќи низ Македонија на различни трибини забележав луѓе се јавуваа од публика и прашуваа кога ќе се реши нивниот статус, луѓе кои работат по 10, 15, дури сум сретнал и лица со 18 години особено во делот на здравството, медицински сестри, лекари, итн. со години работат како волонтери, а досега не им е решен нивниот статус, истакна Груевски.

Законот, појасни тој, предвидува дека сите оние што заклучно со ноември имале таков статус најмалку во последните три месеци со пауза не поголема од еден месец да бидат прифатени во рамките на тие институции каде што се.

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер