Груевски: Ќе продолжи зголемувањето на пензиите и социјалната помош

Моменталната политичка состојба во државата нема да влијае врз реализацијата на ветените проекти од програмата, како што се зголемување на пензиите и социјалната помош, рече премиерот Никола Груевски. Што се однесува до законот за волонтери тој ќе овозможи сигурност и заокружување на работничките права.

Социјалната помош ќе се зголеми за 5 отсто кон средината на годината како што е превидено а исто така и пензиите рече премиерот Груевски, според кого политичката ситуација нема да влијае.

- Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти за просечната, над 70 минималната, а ќе следи и натамошно зголемување онака како што е предвидено во програмата. Оваа година тоа ќе биде во септември со октомвриската пензија, изјави Никола Груевски.

За законот за волонтери Груевски рече дека е добра можност за сите кои се поискусни некои дури и по 10, 15 години без решен статус да бидат вработени на неопределено време.

- Ова е одлична можност и за самата државна институција, но и пред се за луѓето кои долго време работеле, се труделе, се мачеле, не им се плаќале придонеси или пак земале некои минимални средства за волонтери и слично, сега да добијат една сигурност и да продолжат со своето работење,истакна Груевски.

12 март е последниот рок до кого раководните лица треба да ги повикаат волонтери или вработените на договор на дело да потпишат решенијата.

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ.

Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.

Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.

Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.

Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.

СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.

Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.

Заслужиле и многу повеќе.

Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.

Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.

Не чека уште многу работа, за подобра иднина на сите.

Затоа да останеме заедно и единствени. За да продолжиме да живееме достоинствено.

За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.

Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија, рече Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ.

.

Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Изјава за медиуми на Добрила Андоновска носител на листа во ИЕ1.

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза" во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември - Скопје.

Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 - 700 стари лица.

Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.

Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 - 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.

При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер