Груби денес беше во посета на Приштина

Тој се сретна со заменик-претседателката на владата на Косово, г-ѓа. Албулена Балај-Халимај.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г.Артан Груби денеска во Приштина оствари работна средба со заменик-претседателката на Владата на Република Косово, г-ѓа. Албулена Балај-Халимај.

На оваа средба се разговараше за одржување на заедничката седница меѓу двете влади, на Македонија и Косово, каде двајцата вицепремиери Груби и Балај-Халимај се обврзаа да ја одржат оваа седница што е можно поскоро, бидејќи има многу прашања за дискусија и многу договори за потпишување за доброто на граѓаните.

Груби и Балај разговараа и за интерконекцијата со гас на Република Косово, процес што треба да се направи преку Македонија.

Првиот вицепремиер, г. Артан Груби ја извести вицепремиерката на Косово, г-ѓа. Албулена Балај Халимај дека физибилити студијата финансирани од Инвестицискиот Фонд за Западен Балкан се веќе започнати и ова ќе биде од голем интерес за граѓаните на Република Косово, не само заради цената на електричната енергија, туку и заради заштитата на животната средина.

Груби и Балај разменија мислења и за автопатот Скопје-Блаце, кој ќе биде поврзан со автопатот што води кон Приштина.

Груби и потенцираше на вицепремиерката Балај дека во Северна Македонија, владата веќе го назначи г. Ејуп Рустеми за директор на ЈП „Државни патишта на Македонија“, со кого за 1 недела одржал два состанока и дека веќе започнаа интензивно да се занимаваат со овој пат. Според Груби, 90 проценти од експропријацијата на земјиштето е завршена, а останатите 10 проценти ќе бидат завршени најдоцна во рок од 1 или 2 недели, додека работите веќе трет ден започнаа во првите два километра на патот што води кон Блаце.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби го повтори својот став дека се надева дека до крајот на 4-годишниот мандат на владата, граѓаните на двете земји ќе имаат можност да пристигнат од Скопје до Приштина и обратно за 40 минути, продолжувајќи со воспоставувањето на заеднички контролни пунктови на границите помеѓу Македонија и Косово.

На крајот на оваа средба, Груби и Балај-Халимај разговараа и за соработката во областа на туризмот, особено за ски центарот Попова Шапка во Македонија и Брезовица во Косово, каде преку јавно приватно партнерство и европски фондови можно е да се изгради центар на заеднички туризам што ќе биде најатрактивниот во Југоисточна Европа.

Сектор за односи со јавност

Кабинет на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците

Дива свиња ненадејно се стрча и нападна човек, му ја гризе ногата (ВИДЕО)

На платформата ItemFix се појави следното видео со порака дека е снимено во Кина.

Инцидентот се случил на 24 март кога од никаде се појавила дива свиња која нападнала постар човек.

Вепарите обично влегуваат во урбаните средини во потрага по храна и се многу опасни. Не само поради острите заби, туку и поради силниот загриз.

Гледаме како животното во неколку наврати го соборило на земја несреќниот човек, го гризнало по нозете и телото, но се чини дека немал сериозни повреди.

Единствениот начин човекот да се одбрани било да ја удри свињата со стап, што на крајот го спасило.

Се чини дека напаѓачот добил доволно удари по главата, па го напуштил „местото на злосторството“ и исчезнало во блиската шума.

Кралот Чарлс III ѝ се обрати на нацијата со Велигденска порака додека се лекува заедно со Кејт

Пораката на кралот Чарлс емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.

Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.

Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“, што најверојатно ќе се толкува како одговор на нацијата на двојниот здравствен страв на монархијата.

„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служат“, рече кралот.

„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и да го правам, со целото мое срце“, додаде тој.

Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што е подложен на хемотерапија.

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на страт

После скоро една година блокада од страна на собраниската комисија за финасирање и буџет, Собранието, денес ги донесе измените во предлог Законот за стоковите резерви.

Со законските измени се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот.

Во таа насока МЗШВ, уште во 2022 година, до Владата, достави Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.

Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви.

Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300% се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив.

Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, сопштуваат од МЗШВ.

притисни ентер