Грозоморан настан во Велес – 14 годишно девојче силувано од пет лица

Четворица мажи од Велес и еден од Тетово завршија во притвор бидејќи со месеци сексуално злоупотребувале 14-годишно девојче.

Голготата, според наводите на истражните органи, започнала кон крајот на 2021 година.

Првоосомничениот, 25-годишен велешанец, ја запознал малолетничката на Инстаграм. По неколкунеделна интензивна комуникација ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направиле снимка од интимниот однос, со која осомничениот ја присилувал жртвата повторно да се среќаваат ако не сака видеото да се објави на социјалните мрежи. Изнајмувал станови на различни локации во Велес, каде доаѓале останатите четворица осомничени кои прво пиеле и користеле дрога па потоа вршеле полови дејствија врз жртвата и ги снимале.

„С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал,“ истакна Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од анксиозност до страв од социјализација – психолозите децидни дека при ваква тешка форма на насилство последиците се огромни. Според Елена Димушевска, сега е најважно жртвата да ја добие потребната психолошка грижа.

На осомничените им се става на товар кривичното дело Трговија со деца. За него е предвидена казна затвор од осум години.

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми.

Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година.

Се очекува тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата ќе разговараат за јапонската поддршка за обновата на Украина.

Во мај Кишида ќе претседава со тридневниот самит на Г7 во јапонскиот град Хирошима.

Живо-УНЕСКО во Париз ја чествува 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска започна целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.

Одбележувањето на јубилејот е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО.

Во рамките на програмата, со која се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното, 62. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.

Настанот е дел од Националната програма „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

СДСМ: Мерките за намалување на цените даваат резултат, се грижиме за стандардот на граѓаните

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики.

Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените.

Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.

Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.

Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март.

СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.

Истовремено минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите забележаа рекордно зголемување за 8,4 отсто, континуирано расте и просечната плата која се искачи на 34.364 денари.

Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.

СДСМ

притисни ентер