ГРОМ: Македонија да го искористи правото на Вето за влез на Финска и Шведска во НАТО

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ е згрозена од леснотијата и уиграноста на власта и дел од опозицијата за начинот како да се прифати француско-бугарскиот предлог, а граѓаните нај елегантно да бидат изиграни.

Техниката која веќе ја договориле е денешната фарса во клубот на пратеници со наводната работа во комисии со која демек ќе се модифицира злокобниот предлог. Власта не не чуди како и обично ќе не убедува колку е добар предлогот, но не зачудува дел од опозицијата на чело со ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски како во однапред договорена нечесна работа за изигрување на македонскиот народ прифатиле да асистираат во уништувањето на македонскиот идентитет, култура и историја .

За жал оваа фарса со која ќе се стави потпис и потврда за наводната втора бугарска држава ја играат и актери кои до вчера се колнеа дека нема да попуштат. Очигледно дека по наводното дипломатско пеење легнале на брашно и си прифатиле да асистираат во претворање на Република Македонија од држава во територија без народ.

Сега станува јасно зошто ВМРО ДПМНЕ правеше митинг и носеше автобуси пред десетина дена а тоа е со цел да спласне гневот кај народот и сега да глумат загрижени патриоти.

Затоа ГРОМ осудува секакво помагање на власта и учество во донесувањето на овој договор зошто со него ставаме потпис на последната фаза од обезличувањето, однародување и преставувањето на македонците како измислен народ кој постои од 1944 година и е Коминтерновска творба.

Затоа ГРОМ предлага Република Македонија да го искористи правото на Вето за влез на Финска и Шведска во НАТО со јасно ставање на знаење дека причината за таквиот чекор е бугарската блокада на нашиот пат кон ЕУ.

ГРОМ не прифаќа образложение дека сме мала држава, напротив власта го убедуваше народот дека со зачленување во воен сојуз како НАТО ќе бидеме побезбедни.

Ние Македонците сме загрозени како никогаш до сега и затоа треба да прибегнеме кон Вето во обид за последен спас на нацијата.

Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

Парламентарното собрание на Советот на Европа во попладневниот дел од седницата ја разгледува препораката за прием на Косово во таа меѓународна организација.

За усвојување на предлогот мора да гласаат две третини од присутните членови на Парламентарното собрание.

Нешто пред 17:30 часот почна расправата за точката на дневниот ред со наслов „Барањето на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово - Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, објави Телеграф.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

Израел има намера да постави 10.000 шатори во близина на градот Рафа

Израелските медиуми јавија дека Израел има намера да постави 10.000 шатори во близина на градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, во рок од две недели, како подготовка за копнената инвазија на неговата армија врз градот.

Израелскиот канал Кан наведува дека официјалниот документ што го добил укажува дека Израел ќе постави 10.000 шатори надвор од Рафа во следните две недели и дека во моментов се набавуваат дополнителни 30.000 шатори, кои подоцна ќе бидат поставени во тоа подрачје.

Според каналот, врз основа на распоредот (за подигање на овие шатори), може да се каже дека патот до евакуација на жителите од Рафа е сè уште многу долг.

Израел, според изјави на официјални претставници, инсистира на инвазија во Рафа, тврдејќи дека тоа е последното упориште на бригадите Ал-Касам поврзани со движењето Хамас, и покрај зголемените меѓународни предупредувања за катастрофалните последици од нападот и поради присуството на околу 1,4 милиони раселени луѓе во тој град.

За време на војната, Израел ги принуди повеќето Палестинци од северниот и централниот дел на Појасот Газа да побегнат во градот Рафа, кој се наоѓа на границата со Египет.

Каналот Кан објави дека во текот на оваа недела, израелската армија имала намера да фрли летоци од воздухот во Рафа во кои го повикувала своето население да се евакуира, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во последен момент одлучил да го одложи тој потег и да го информира министерот за воениот кабинет за одлуката, според истиот извор.

Каналот го поврзува одложувањето на Нетанјаху во копнената инвазија на Рафа со неговата желба да добие целосна поддршка од САД за иранскиот напад, кој лансираше стотици проектили и беспилотни летала кон Израел во саботата навечер.

Каналот потсети дека САД, како што е познато, силно се противат на планираната израелска операција во Рафа. /МИА

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала.. 

Зошто министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот во Универзална, ако како што вели, за него дознала пред девет часот утрината?

На ова, но и на многу други прашања, одговори побара градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, една недела по пожарот во Универзална сала.

Таа отвори дилема и зошто – работниците кои во моментот се обиделе да го изгаснат пожарот, не побарале помош од противпожарната бригада Скопје.

Арсовска, рече дека очекува конкретни одговори за пожарот во Универзална сала, а не како што истакна, лаги и инсинуации. Рече и дека како град Скопје воопшто не бил информирани за отпочнување на градежните активности.

„Врз основа на кон проект е продолжено да се реконструира Универзалната сала во Скопје. Врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се реконструира салата? Кој е управителот на Универзална сала, врз основа на кој документ и кој проект.“

Градоначалничката на Скопје верува дека истрагата на МВР и Јавното обвинителство ќе даде точни информации зошто избувна пожарот во култното место за скопјани и цела Македонија. Пожарот во Универзална сала избувна минатиот вторник претпладнето. Пламените јазици уништија дел од кровната конструкција, а целосно беа пеплосани иверици и стар материјал.

притисни ентер