Гробишта пропаднаа во море во свлечиште во Италија (ВИДЕО)

Стотици ковчези паднале во морето кога свлечиште уништи дел од гробиштата крај италијанскиот брег во Камоли во близина на Џенова.

Одронот уништи и дел од зградата на гробиштата, како и две приватни капели, што биле на работ на карпа, објави сајтот Локална Италија, повикувајќи се на Ла Република.

Видеото направено од работниците на гробиштата го покажува моментот кога дел од гробиштата паднале во морето.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат ковчезите, од кои многу завршиле во морето и карпите на 50 метри под гробиштата.

Се претпоставува дека свлечиштето било предизвикано од ерозија на крајбрежјето, создадено претходните години поради силното невреме.

Локалните жители велат дека на секои сто години карпата ја менува својата форма.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков во ВМРО-ДПМНЕ

Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже.

СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.

Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.

Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми

Владата зема 2 милијарди заеми, а тие пари не се стигнати кај фирмите.

Денес во Битола остваривме средба со претставниците на Стопанската комора, и да видиме кои се состојбите. За жал состојбите не се охрабрувачки. Гледаме дека стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.

Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените.

Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Приведени две лица од Велика Британија, приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје", вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија.

МВР денеска информриа дека тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

притисни ентер