Грковска: Сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост

Сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост, но оваа состојба не смее да не обесхрабрува, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост, но оваа состојба не смее да не обесхрабрува, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната Конференција за родова еднаквост во спортот и застапеноста на жените во спортските организации и родовата дискриминација во спортот, што се одржа заедно со Биатлон федерацијата на Македонија.

– Во време кога Македонија прави големи чекори во својата интеграција во семејството на државите во Европската Унија, мораме да бидеме самокритични, дека сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост. Оваа состојба не смее да не обесхрабрува, туку напротив, треба сите да не мотивира и со заеднички ангажман, а пред сѐ мислам на државата, невладините организации, спортските клубови и сите останати пријатели на спортот, заеднички да работиме на подобрување на оваа состојба, изјави вицепремиерката Грковска.

Од владината прес-служба информираат дека на настанот се обратиле и Кочо Кираца од Биатлон федерацијата, директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски, Татјана Блажевска, Силвија Митевска од Македонски Олимписки Комитет, Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, деканката Ленче Алексовска-Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Зорица Блажевска од РК Металург и кошаркарскиот делегат Елена Велкоска.

На средбата, обострано беше констатирано, дека заеднички и во иднина ќе се унапредува оваа материја преку соработка.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер