Грковска: Нас не ни требаат реформи на хартија, ни треба ефикасна борба против корупцијата

Сите ние во оваа сала сме одговорни за состојбите во државата, вклучително и за степенот на корупција. 

Денеска на меѓународниот ден на борбата против корупцијата 9 декември, мора отворено да разговараме за слабостите во системот во делот на корупцијата. Нас не ни требаат реформи на хартија, ни требаат суштински реформи кои ќе значат исполнување на стандардите за членство во Европската Унија, но и ќе овозможат позитивни промени за граѓаните, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешниот состанок, кој во соработка со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир го организираа со сите институции кои се надлежни за борба против корупција.

На состанокот присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претседателката на Комисијата за политички прашања Соња Мираковска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, претседателката на Судскиот Совет Весна Данева.

„Во повеќе наврати кажав дека нема да бидам политички коректна, особено имајќи ги предвид случувањата во правосудството. Не може некој да го руши системот од внатре, а за тоа да се нема одговорност. Независноста која ја дава Уставот не смее да биде сфатена како привилегија, како изговор за самоволие. Таа независност дава уште поголема обврска и уште поголема одговорност“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Евроамбасадорот Гир истакна дека корупцијата секогаш ќе си го најде патот и ако не се сретне со отпор тогаш ќе се распространи. Тој нагласи дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата, но дека мора да се испорачаат конкретни резултати во справувањето со корупцијата, а за тоа е потребен координиран ангажман од сите.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето обраќање рече дека борбата против организираниот криминал и напредокот на патот кон ЕУ се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција.

„Политичка волја за справување со корупцијата имаме. Дека сакаме да се променат работиме, сме докажале повеќе пати. Во изминатиот период, донесени се реформски закони во насока на јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата, но тоа не значи дека сме завршиле сѐ“, додаде Маричиќ, додавајќи дека владеењето на правото, независноста на судството и неселективната борба против криминалот и корупцијата остануваат стратешки приоритет на Владата.

Амбасадорот Гир ја поздрави иницијативата на вицепремиерката Грковска и нагласи дека само преку координиран процес и редовно следење на имплементацијата на реформите е можно да се постигнат.

Добар патоказ тоа во кој правец треба да се движат реформите, оцени вицепремиерката Грковска, е Извештајот за напредокот на Македонија подготвен од Европската Комисија, во кој се дадени насоки во кој правец треба да се движиме во сите области, но и ни дава временска рамка од една година кога ќе може да се процени дали напредок и во кој обем е постигнат.

„Не е доволно само формално да се залагаме или само на хартија да ги исполниме стандардите на Европската Унија. Туку суштински во нашето општество да ги втемелиме вредностите на ЕУ – почитување на човековите права, демократија, владеење на правото и функционална пазарна економија. Владеењето на правото не можеме да постигнеме доколку имаме селективна правда, доколку немаме ефикасна и неселективна борба против корупцијата, доколку имаме нефункционален систем, доколку имаме судски спогодби, одлуки полни со сомнеж и без никаква транспарентност”, додаде Грковска и нагласи дека е важно секоја институција која е дел од ланецот на антикорупциски институции за наредната година ќе мора приоритет да и им биде надминување на забелешките наведени во Извештајот на Европската Комисија за 2022 година.

„Одговорноста од неуспесите веќе не смее да биде колективна. Досегашното искуство покажа дека доколку прецизно не се адресира одговорноста невозможна е промена. Она на што мораме сите да работиме е промена на свеста. Мора да сфатиме дека ние сме тука за граѓаните и за нив работиме. Принципите на добро владеење, транспарентност, отчетност, одговорност, професионалност и ефикасност мора да бидат имплементирани во сите институции. Граѓаните мора да имаат доверба во институциите, а институциите да испорачуваат ефикасни и брзи услуги. Сето тоа ќе ги намали ризиците од корупција“, истакна Грковска.

Во рамките на затворениот дел на состанокот се разговараше за приоритетите за наредната година, при што беше нагласено дека секоја институција мора да ја зајакне имплементацијата на Стратегијата за спречување на корупцијата која за жал се движи со забавено темпо. Истовремено беше договорено дека приоритетни области на кои во наредниот период мора да се работи се особено во делот на јавните набавки, каде мора да се зајакнат индикаторите за сомнителни јавни набавки, како и во делот на вработувања во јавниот сектор.

Вицепремиерката Грковска ги задолжи сите институции во рок од десет дена до нејзиниот Кабинет да ги достават приоритетите во однос на имплементација на Извештајот од Европската Комисија за напредокот на Македонија, но и во однос на Стратегијата за спречување на корупција, по што ќе следи надзор на нивната реализација.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер