Грковска: Без вклученост на граѓанскиот сектор не може да има ефикасна борба против корупцијата

 Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. 

Односот на државата, односно на владините институции кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество. Ефикасни анти-корупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување, потенцираше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на синоќешниот глобален Форум за граѓанско општество.

Форумот, како што информираат од владината прес-служба, кој го обедини невладиниот сектор, но и претставници на влади од целиот свет, се одржува во организација на Стејт Департментот на САД и Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (УНОДЦ), како пред-настан на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (УНКАК) во Атланта, САД, која почнува со работа од денеска.

Вицепремиерката Грковска учествуваше на панелот кој беше посветен на заштитата и поддршката на граѓанското општество во напорите за справување со корупцијата.

-Справувањето со корупцијата е предизвик, не само за Македонија, не само за Западен Балкан, туку на глобално ниво. Токму затоа, преку креирање на долгорочни и одржливи политики, со вклученост на сите општествени фактори, особено на граѓанскиот сектор, можеме да постигнеме конкретни резултати, нагласи вицепремиерката Грковска. Таа додаде дека граѓаните во Македонија покажуваат се помалку толеранција кон корупцијата, што е добар сигнал и уште поголема обврска за надлежните да преземат конкретни чекори за справување со корупцијата.

Таа посочила дека граѓанскиот сектор во Македонија има одлична експертиза, особено во делот на корупцијата во јавните набавки, како и за состојбите во правосудството и тоа е од големо значење за креаторите на политиките и за носителите на одлуки. Нагласила дека многу е важно при креирањето на мерките да се имаат предвид конкретните специфики на државата, на институциите, на општеството. Само на тој начин, посочила таа, може да имаме ефикасни и добро таргетирани мерки.

Вицепремиерката Грковска го претставила и Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и анти-корупција, кој беше формиран на нејзина иницијатива, а кој претставува платформа за вмрежување на лидерки од регионот кои со својата работа дале значаен придонес во оваа област, но и платформа за поддршка за сите оние кои поради својата бескомпромисност и професионалност биле подложни на непринципиелни напади.

Во своето изглагање, Грковска се осврнала и на соработката со младите, како и на кампањата „Зависи од мене и тебе“, што ја реализира нејзиниот Кабинет, а чија главна порака е дека промените во општеството зависат од сите нас.

Покрај вицепремиерката Грковска, на панелот учествувале и Изабела Кореа, секретар за јавен интегритет на Канцеларијата за генерална контрола од Бразил, Кетакандриана Рафитсон, извршна директорка на Транспаренси Интернешнл, Мадагаскар, како и Пусетсо Морапеди, од Платформата за заштита на укажувачите во Африка.

Како што информираат од владината прес-служба, на денешниот прв ден од Конференцијата COSP 10, вицепремиерката Грковска ќе има обраќање на Пленарната сесија на конференцијата.

МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков за скандалот со знамето

МНР утре ќе го повика новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Желјаско Радуков за случајот со непланираното фотографирање на претседателите Сиљановска и Радев без македонско знаме во Софија. 

Од министерството и од Вила Водно за Канал 5 повтрдија дека процедурата по дипломатски пат е почната и се очекува Бугарија да ги разјасни дилемите дали станува збор за протоколарен превид или не, со оглед на тоа што во планот за нивната средба во рамки на неофицијалната посета не било предвидено да се фотографираат пред знамињата, но сепак тоа се случило на иницијатива на Радев.

Поранешниот амбасадор Васко Наумовски оценува дека неговиот потег бил со цел да се наштети на претседателката Сиљановска, што е спротивно на јавните заложби за подобрување на односите.

Во сенка на фотографиите кои предизвикаа низа реакции кај јавноста останаа пораките кои истиот ден бугарскиот државен врв ги упати на адреса на Македонија. И претседателот Радев и техничкиот премиер Главчев ги повторија веќе познатите позиции на Бугарија- дека очекуваат земјава да ги исполни преземените обврски од преговарачката рамка и потпишаните протоколи, и дека немаат намера воопшто да разговараат со властите во Скопје за поинакви решенија.

Наумовски вели дека Бугарија не може да ја префрла одговорноста на цела Европска Унија бидејќи тие се единствена држава која има услови за нас, тој очекува со добра волја и стабилна влада кај соседите може да се надминат разликите.

Бугарија на 27ми октомври ќе ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години откако претходно ниту една партија не успеа да формира Влада, а според анкетите водечка партија засега е ГЕРБ на Бојко Борисов. Очекувањата на македонската влада се дека соседите ќе добијат стабилно политичко раководство со кое ќе можат во иднина да постигнат компромис за одложено дејство за уставните измени.

Продолжува реконструкцијата на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

Продолжува втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

Град Скопје продолжува со втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Градот.

-Во втората фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар на потегот од мостот Беласица до мост Генерал Михајло Апостолски, при што со овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 12.000 квадратни метри и должина од над 1.500 метри, велат од Градот.

Проектот во сите фази го изведува јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје.

Миле Талевски на состанок со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Шефот на Делегацијата на Собранието во ИПС на Православието, Миле Талевски на состанок со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

На покана на Генералниот секретар на Интерпарламентарното Собрание на Православието (ИПС на Православието), шефот на Делегацијата на Собранието во ИПС на Православието, пратеникот Миле Талевски, вчера присуствуваше на состанокот со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Истанбул.

На средбата, информираат од Собранието, се разговараше за предизвиците со кои се соочува денешнината, споменувајќи ја агресијата на Русија врз Украина, конфликт кој покрај тоа што има силно геополитичко влијание, претставува конфликт меѓу два народа со православна вероисповед. Беше нагласена потребата да се промовира заедништвото, толеранцијата и соживотот, бидејќи поделбите не прават послаби и го уназадуваат човештвото.

Се разговараше и за одбележувањето на 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор одржан во Никеја, денешен Изник, Туркије. Првиот вселенски собор се одржал во 325 година, бил свикан од Светиот цар Константин Велики и е првиот Вселенски собор на Христијанската Црква.

Состанокот со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј се одржува во соработка со координативниот Комитет од Иницијативата „Велигден Заедно 2025“, каде што членува и ИПС на Православието. На средбата, пред Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше претставен и новиот претседател на Генералното Собрание на ИПС на Православието Јоан Вулпеску, кој е пратеник во Парламентот на Романија. Дел од Делегацијата на ИПС на Православието беа и пратеници од парламентите на Грција, Кипар и Србија кои исто така се дел од ИПС на Православието.

На состанокот му претходеше литургија за празникот на Воздвижение на Светиот крст во црквата „Свети Георгиј Победоносец“, во Фанар, Истанбул која ја служеше Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

притисни ентер