ГРЕКО бара реформи и конкретни резултати во Македонија

Ниту една личност, ниту една држава или институција не е имуна на корупцијата. Политичките личности, каква и да е нивната припадност, треба да владеат со пример и да бидат примерни, тоа е исклучивоста што се очекува од нив. 

Владите и носителите на јавни функции треба да бидат примерни во почитувањето на мерките за спречување на корупцијата и стандардите за транспарентност, вели антикорупциското тело на Советот на Европа – ГРЕКО, во својот годишен извештај објавен денеска.

Како што јави дописникот на МИА, во извештајот се разгледуваат мерките преземени во 2019 година во земјите членки на Советот на Европа за да се спречи корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите, како и во централните власти, пред се на носителите на високи извршни функции, и во репресивните органи.

Претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела претставувајќи го извештајот на онлајн прес-конференцијата, изрази загриженост за зголемениот број обвинувања во последните години за корупција во многу земји и тоа меѓу вршителите на јавни функции.

– Ниту една личност, ниту една држава или институција не е имуна на корупцијата. Политичките личности, каква и да е нивната припадност, треба да владеат со пример и да бидат примерни, тоа е исклучивоста што се очекува од нив. Политичарите треба да му служат на народот, а не да го управуваат, рече тој.

Во 2019 година, целосно бил спроведени 36 отсто од препораките дадени од ГРЕКО во рамките на четвртата рунда за проценка. Оние препораки кои се најмалку спроведени се однесуваат на пратениците (27 отсто), на судиите (37 проценти) и на обвинителите (46 отсто).

-Ова во голема мерка објаснува зошто довербата на луѓето во политиката е многу мала и ќе продолжи да се влошува доколку политичарите не го подобрат нивото на усогласеност со стандардите за интегритет, изјави претседателот на ГРЕКО.

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ при објавувањето на извештајот изјави дека корупцијата ја поткопува довербата на граѓаните во демократијата и демократските институции.

– Поради тоа имплементацијата на ефективни мерки за борба против корупцијата и промовирањето на интегритетот и транспарентноста, треба да биде приоритет на јавните власти во секое време. Државите постигнаа напредок, но тие треба да ги интензивираат напорите за целосно спроведување на препораките на ГРЕКО, истакна Пејчиновиќ Буриќ.

Во извештајот се наведува дека од почетокот на четвртата рунда за евалуација во 2012 година, речиси половина од земјите членки извршиле уставни реформи според препораките на ГРЕКО, спроведувајќи повеќе од 150 конкретни законодавни, регулаторни или институционални реформи со нивна имплементација.

Да крајот на 2019 година, ГРЕКО изврши оценки во 18 држави во спречувањето на корупцијата во владите и органите на репресија. ГРЕКО честопати идентификуваше недостатоци во начинот на кој одредени земји се справуваат со лобирањето и конфликтот на интереси во централните власти и особено ја посочува потребата за проширување на антикорупциските мерки за советниците. Препораките на ГРЕКО за спроведување на законот главно се фокусираа на кодекси на однесување, унапредување и разрешување, конфликт на интереси, ограничувања за вработување и заштита на „свиркачите".

На крајот на 2019 година, 15 земји беа посочени дека целосно не го почитувале четвртиот циклус на ГРЕКО, меѓу кои е и Македонија, заедно со Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска , Луксембург, Монако, Полска, Португалија, Романија и Турција. Белорусија е единствената земја што не се придржувала до првите два заеднички циклуси и третата рунда.

Во однос на Македонија, каде е оценето дека реформите се подзапрени поради политичките кризи и распуштањето на собранието пред најавените парламентарни избори, претседателот на ГРЕКО, Мрчела, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА нагласи дека откако ќе се одржат изборите и ќе биде конституиран новиот Парламент, треба да се премине на исполнување на препораките.

– И уште еднаш повторувам – ова не е за пратениците, ова е за народот, за граѓаните. Меѓусебните обвинувања на политичките партии и политичарите, не се доволни, без притоа да има конкретни резултати од реформите во Македонија. Потребни се конкретни резултати, работа и акции, изјави Мрчела.

Според графиконот на ГРЕКО за Македонија, 32 отсто од препораките се спроведени, 48 отсто се делумно спроведени, 20 отсто не се спроведени.

По категории, целосно се спроведени само 14,3 отсто од препораките што се однесуваат за пратениците, 42,9 проценти се делумно спроведени, а 42,9 отсто не се спроведени. Кај судиите целосно се спроведени 50 отсто од препораките, 41,7 проценти делумно, а 8,3 отсто не се спроведени, додека кај обвинителите 16,7 проценти од препораките се целосно спроведени, 66,7 делумно и 16,7 отсто не се спроведени.

Во 2019 година, истовремено со својата 20-годишнина, ГРЕКО одлучи да започне нова советодавна функција која ќе овозможи да се обезбеди помош по барање на државите членки и телата на Советот на Европа преку експертски извештаи./МИА.

Жерновски ги прими акредитивните писма од именуваниот прв амбасадор на Кипар Константинос Елијадес

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, по пат на видео конференциска врска ги прими акредитивните писма од страна на Константинос Елијадес.

Новоименуван нерезидентен амбасадор на Република Кипар за Република Македонија, со седиште во Белград.

Како што соопштија од кабинетот на заменик – министерот, Жерновски му посака добредојде и успех во вршењето на својата функција во Македонија, и тоа како прв именуван амбасадор на Република Кипар во Република Македонија по воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави.

Во разговорот, се посочува, беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на Македонија.

-Взаемно беше изразено задоволство што на 01.07.2020 е направен уште еден многу значаен чекор кон Европската Унија, по усвојувањето на предлог преговарачката рамка од страна на Европската комисија. Жерновски се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес, како и позитивната и конструктивна улога во процесот на решавањето на спорот со Грција. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, при што истакна дека очекуваме до крајот на годината да се одржи меѓувладината конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Македонија и Европската Унија, стои во соопштението.

Амбасадорот Елијадес, пак, ја реафирмираше поддршката на Кипар за започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, како и за помош за исполнувањето на потребните реформски определби. Изрази задоволство што како прв амбасадор ќе има прилика да придонесе во интензивирањето македонско-кипарското пријателство, акцентирајќи го потенцијалот кој постои за натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

На средбата, се нацедува, беше истакнато дека постои потенцијал за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и Кипар, но и цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од взаемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис заедницата.

Соговорниците, се додава, разменија мислења и за состојбите во нашиот регион, како и најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во нашата земја во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Во Косово поради коронавирусот повторно воведен полициски час

Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека од денеска ќе почнат да се применуваат новите мерки, донесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Хоти вчера на прес-конференција објави дека во градовите со голем број заразени лица, меѓу кои се Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде во сила забраната за движење од 21 часот до 5 часот наутро.

Тој прецизираше дека работата на рестораните во периодот кога е дозволено движење на граѓаните ќе биде ограничена само на услуга на отворено и испорака.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Петар Колев

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Драги пријатели, полево и подесно ориентирани или неутрални, дали "Глас за Македонија" или "ГДУ" ќе добијат доверба од граѓаните да одиграат клучна улога во составување Влада, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Петар Колев.

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Дали последните "крикови" на ДУИ се премиер албанец?

Беса предизборно се "здружи" со СДСМ, Села од Алијанса се заканува дека ако Заев и Мицкоски создадат македонска, албанците ќе создадат албанска влада. Се "вжештува" ли реториката на нациоанлизам во недостаток на партиска програма?

До кога "сила" наместо "интелект" ќе го движи "кормилото" во државата?

Дали коронавирусот ја замагли европската перспектива на Македонија?

Ќе биде ли 2020-та година на шареноликост, вечерва на местото каде се говори Само Вистина со Солза Грчева и Петар Колев, само на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер