Грејната сезона се ближи, владата уверува дека граѓаните ќе имаат топли радијатори

Различното толкување на Законот за енергетика нема да ги остави скопјани без парно, уверува Владата. 

Иако БЕГ преку соопштение се огради дека нема веќе правна основа да ги користи топланите, вицепремиерот Битиќи е дециден дека радијаторите ќе бидат топли уште од првиот ден на грејната сезона, без разлика чија ќе биде одговорноста.

Тој се надева на брза разврска помеѓу ЕСМ и „Адора“ за преземање на производствените капацитети. Повтори дека ако не се случи тоа, БЕГ е должна да продолжи со дејноста.

„Независно дали ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесувањето на приватниот партнер не сум задоволен би сакал да се создадат условите за ЕСМ тоа да го направи. – А ако не, ќе биде БЕГ? – Да. Па нема друг избор. Веќе течат завршни дискусии за потпишување на договори за гас. Кој е изворот за нас и за граѓаните е најмалку важен, важно е дали има топлинска енергија.“- Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потсети дека државата има механизми како во кризна состојба да ја преземе БЕГ под своја капа. Како пример го посочи членот 33 од Законот за кризи кој предвидува можност за национализација на компаниите.

„Тоа е наведено и во Законот за енергетика, тоа е наведено и во нивната лиценца. БЕГ нема право за да не ја врши услугата ако во случај нема друга лиценцирана компанија. Јас сум среќен што ние имаме такви закони, посебно Законот за енергетика кој е европски закон и ги дава овие можности а би ве повикал да се повикате и на членот 33 од Законот за кризи каде што е одреднео како може да постапи Владата во случај да има кризна состојба.“- Крешник Бектеши, министер за економија

БЕГ се повика на членот 51 во Законот за енергетика во кој стои дека компанијата имала законска обврска да ја извршува дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нова фирма. Но во став 4 од истиот член стои дека се додека не заврши постапката за избор, вршителот на дејност кој побарал престанок или му е одземена лиценцата – е должен да ја спроведува услугата.

И Регулаторна вчера повтори дека законот е јасен и дека на актуелниот вршител не му престанува обврската додека нова фирма не добие лиценца.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер