Грција ќе прима туристи вакцинирани и со руска и кинеска вакцина против ковид 19

Туристичките агенции со малку надеж за повеќе работа во пресрет на новата летна сезона особено по најавата од Грција дека ќе дозволи влез и за македонските државјанин со сертификати за вакцина или негативен ПЦР тест веќе од 14 јули. 

Неизвесноста се уште ги одвраќа Македонците да го планираат летувањето. Аранжмани има, но заинтересираност нема. Туристичките агенции почнаа да нудат аранжмани за летово, но ретко кој се решава да уплати.

„Не можеме да кажеме дека интересот е на посакувано ниво. Луѓето се уште не знаат за земји каде не треба ПЦР многу полесно се одлучуваат граѓаните, но сепак се чека последен момент. И за Велигден за Албанија се нудеа понуди, но за жал кога се воведе карантинот ништо од тоа....Токму од таа причина сите чекаат последен момент. Ние се подготвуваме и за најавите и за Грција, но како ќе биде не знаеме бидејќи од ден на ден условите се менуваат, но одлуката за да уплатата не е едноставна и брза.“ изјави Ана Марија Алексова, туристички работник

За разлика од лани, годинава се повеќе земји најавуваат отворање на границите, за туристичките агенции ова е надеж дека секторот конечно ќе заживее, но сепак велат дека ќе треба време граѓаните да се навикнат да патуваат по нов принцип.

„Ќе мора да се навикнеме каде и да одиме ќе мора да се почитуваат тие мерки. Тој ПЦР тест сакале не сакале веќе во многу држави за во еден ресторан е задолжителен, а не да излезеш од држава... Ќе ни терба нас овде уште малку време дека секојдневието е сменето, но ќе мора и туризмот да се навикне во таа насока за да колку толку нормално да може да се живее“ истакна Ана Марија Алексова, туристички работник

Од соседните земји - слободен влез за Македонците за сега има само во Србија, во Албанија се уште на сила е двонеделен карантин, а Бугарија прима македонски туристи со негативен ПЦР тест. А, што ќе треба да приложат Македонците на граница за да се сончаат на грчките плажи се уште се чека официјална потврда од Грција, која ги отвора границите на 14ти месецов.

Затворањето на границите и протоколите за заштита од ширењето на Корона виусот го втурнаа туристичкиот сектор на врвот од листата на најпогодените поради пандемијата.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

Повици за единство до опозицијата повторно испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно со повик за обединување до македонската опозиција. 

По митингот во Охрид, вчера и од Крива Паланка, се обрати до дел од опозициските партии ЗНАМ и Левица и ги повика на национално единство за борба против СДСМ и ДУИ. Прифаќањето на подадената рака, според него, ќе значи искрена и чесна борба за иднината на Македонија.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Повиците на Мицкоски за македонско единство ги искоментира и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот митинг во Струга. Според него на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, за да оди напред, наместо за мораториум.

- Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесете на овие избори, изјави Ковачевски.

Претходно, лидерот на ЗНАМ и претседателски кандидат Максим Димитриевски изјави дека позитивно гледа на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но вели, можни разговори за идна влада ќе бидат условени со дефинирани црвени линии за Македонија. Димитриевски повтори дека не планира да коалицира со СДСМ.

Сепак, дел од аналитичарите во понудите за национално единство гледаат политички пинг понг на митинзи и предизборна реторика за глас повеќе, отколку за некаква заедничка стратегија по изборите.

- Повеќе сум склон да верувам дека сегашната реторика и повиците за обединување и одговорите од партиите се дел од предизборната реторика. Ние сме во период со високи емоции, со потреба за освојување на глас повеќе и тоа треба да се гледа низ таа призма. Точно е во политичка смисла дека после изборите ќе треба поголемите партии да седнат и да направат некаква заедничка визија, не само за уставните измени и патот кон ЕУ, туку и за оние проблеми кои долго ја мачат државата. Криминал и корупција, здравство, образование... тоа се проблеми кои надминуваат еден мандат и не може само една партија да ги реши. Но, не верувам дека сега партиите одбивањето или прифаќањето за понудите за национален консензус се предмет на некој поопсежна политичка анализа, оценува Петар Арсовски за Канал 5.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со презентација на изборните програми. Во истовреме продолжува и кампањата за претседателските избори на неполна недела до првиот круг за избор на шеф на државата.

Тошковски: Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија, обрасците се во магацинот на МВР

Изјава на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски вели дека 30.000 обрасци за патни исправи се пристигнати и дека се наоѓаат во магацинот на МВР. Тој додаде дека Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија за да ги види обрасците.

Министерот за проблемот со долгото чекање за издавање на пасоши го обвини претходниот менаџмент на МВР, бидејќи, како што вели, не успеале да набават дополнителни машини за печатење.

притисни ентер