Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија

Пандемијата ги затвора вратите на соседите, па поради бројот на заразени и починати од коронавирисот во земјава, дополнително се стега граничниот обрач околу Македонија. 

Јужниот, а и источниот сосед на земјава, ни забранија да одиме кај нив, а одлуките важат до крајот на месецов. Ова стои и во грчкиот службен весник, со што и официјално стапи на сила продолжението на ограничувањето на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија.

-Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година, се наведува во одлуката.- Грчки службен весник.

Оваа забрана има исклучоци, па не се однесува на оние луѓе кои имаат дозвола за престој или живеат во Грција. Доколку станува збор за транспорт на стоки, ќе може да се влезе на грчка територија, а границата ќе ја минат и луѓе од Македонија поради неопходни професионални причини. На граничниот премин ќе се пропуштаат и болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти, а припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

За истиот период, односно до 31 јули, важи и привремената забрана за влез во Бугарија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство.

Исто како и грчката, и бугарската одлуката се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта. Претходно кај источниот сосед можевме да патуваме само со двенеделен карантин.

Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата.

Освен соседите, и Италија не ги прима македонските граѓани. Од авиокомпанијата „Визер“ информираа дека се суспендирани сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 јули, како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до земјава.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер