Граматковски: Ски центар „Нижо Поле“ подготвени за инсталирање опрема за вештачки снег

 Ски центар „Нижо Поле“ подготвени за инсталирање опрема за вештачки снег, се чека градежната дозвола.

Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола кое стопанисува со ски центарот „Нижо Поле“ е подготвено за инсталирање на опрема за вештачки снег која ќе овозможи подолга скијачка сезона, изјави за МИА, Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“- Битола.

Според Граматковски, потребата од продолжена скијачка сезона во ски центарот „Нижо Поле“ е потврдена со повеќе анализи и затоа со оптимизам се очекува да се добие градежна дозвола за реализација на проектот.

-Навреме почнавме подготовка за иновации и нови техники во функција на ски центарот „Нижо Поле“. Имаме основен проект, поминати се сите институционални фази за реализација на проектот и очекуваме да добиеме градежна дозвола која ќе ни овозможи инсталирање опрема за вештачки снег на ски центарот „Нижо Поле“, изјави Граматковски.

Со користење вештачки снег на патеките од ски центарот „Нижо Поле“, ќе се продолжи скијачката сезона за неколку месеци, посочи Граматковски.

-Со природниот, но и со вештачкиот снег, скијачката сезона ќе се одвива од месец декември до март, или за посетителите дури четири месеци ќе бидат на располагање скијачките патеки и друга туристичка понуда од нашето претпријатие. Проектот е од интерес на државата, градот, регионот и не се сомневам дека градежната дозвола ќе ја добиеме час поскоро, а потоа ќе ја инсталираме опремата и следната сезона ќе ја дочекаме поподготвени со можност за користење вештачки снег, нагласи Граматковски.

Како што е познато ски центарот „Нижо Поле“ овозможува дневно и ноќно скијање и инфраструктурно е уреден со безбеден паркинг за автомобили, информираа од ЈП „Стрежево“-Битола.

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет.

Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.

Се уште нема разрешница за овие настани.

Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.

Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?

Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, се наведува во партиското соопштение.

Над 100 лица се уапсени после погребот на Навални

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални додека лидерот на опозицијата беше погребан вчера во Москва и им порачаа на властите дека нема да им простат за неговата смрт.

Мајката на Алексеј, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над отворениот ковчег и го бакнаа за последен пат, придружувани од звуците на мала група музичари. Илјадници луѓе дојдоа на погребот.

Јулија Навална, вдовицата на лидерот на опозицијата, му оддаде почит на својот сопруг преку X, заблагодарувајќи му се за „26 години апсолутна среќа“. "Не знам како да живеам без тебе, но ќе дадам сѐ од себе за да те направам среќен и горд на мене таму горе. Не знам дали ќе успеам, но ќе се обидам", напишала Навална, која е надвор од Русија.

Насобраните држеа цвеќе во рацете, а некои скандираа: „Русија ќе биде слободна“, „Не за војната“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец!“ Не долго откако ковчегот со телото на Навални беше ставен во земја, во Москва започнаа првите апсења. На удар на полицијата се најдоа луѓето кои скандираа против Путин и војната во Украина.

Најмалку 115 лица се приведени ширум Русија поради оддавање почит на Навални, објави ОВД-Инфо. Најголемиот број, 16 од нив, се приведени во градот Новосибирск.

Најмалку 10 лица се приведени во Москва, според ОВД-Инфо. Уште 10 лица се уапсени во Екатеринбург, додека 14 се приведени во регионот Воронеж.

Луѓе биле приведени и во Челјабинск, Омск, Владикавказ, Сочи, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Казан и Улан-Уде.

Активисти ја прекинаа модната ревија на Викторија Бекам во Париз (ВИДЕО)

Ревијата на Викторија Бекам на модната недела во Париз беше прекината од активисти за правата на животните, кои им се придружија на нејзините модели на модната писта.

Групата Луѓе за етичко постапување со животните (Пета) соопшти дека тоа е протест против употребата на животинска кожа во модната индустрија воопшто, објави Би-Би-Си.

Демонстрантите носеа маици на кои пишуваше „Животните не се ткаенина“ и мавтаа со натписи „Вива веганска кожа“.

Викторија се појави со патерици на финалето на шоуто бидејќи има повреда на стапалото.

Таа носеше црна заштитна чизмичка на левата нога за да одговара на нејзината целосно црна облека. И покрај нејзината недоволна мобилност, таа прошета покрај модните фанови и критичарите во првиот ред, меѓу кои беше и поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо, некогашен соиграч на сопругот на Викторија, Дејвид.

Таа накратко застана за да бакне некого во толпата и рече кусо „благодарам“.

„Викторија Бекам ја поздрави толпата со патерици поради повреда на стапалото што ја доби во теретана“, изјави нејзиниот сопруг Дејвид.

Иако модниот бренд на Бекам не користи крзно или егзотични кожи, Пета истакнува дека некои дизајни користат кожа.

Европската претседателка на Пета, Мими Бекечи, рече: „Ниту една облека или додаток не вреди насилно да се коле и дере чувствително и интелигентно животно.

„Ја повикуваме Викторија Бекам наместо тоа да се сврти кон етичките и еколошки иновации достапни денес, како што се врвната кожа направена од јаболка, грозје, ананас, печурки и друго.

Активистите од добротворната организација за правата на животните „Пета“ се познати по нивните протести и редовно демонстрираат на светските модни настани - вклучително и во Њујорк, Лондон и Милано.

притисни ентер