Граѓанска трибина во Скопје „Најдоброто за нашата општина“

Ве известуваме дека денеска со почеток во 19.00 часот во Скопје (кај паркингот пред Аква парк – сала Борис Трајковски) ќе се одржи граѓанска трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

На трибината ќе говорат:

– Зоран Заев, претседател на СДСМ

– Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ

– Фамир Битиќи, потпретседател на СДСМ, и

– Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, соопштуваат од партијата и додаваат дека трибината може да се следи и онлајн.

Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube, на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/), како и на Фејсбук страниците на претседателот на СДСМ Зоран Заев (https://www.facebook.com/zaevzoran) и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска (https://www.facebook.com/lukarevskasanja)

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер