Граѓаните револтирани: Автобусите на ЈСП неклиматизирани и поркај пеколните темепратури

-Пред неколку дена жена падна и телефон и падна и протезата тоа беше катастрофа. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Скијачот Мирко Лазаревски со безрезервна поддршка од Видеолотарија

Мирко Лазаревски ќе се бори во квалификациите на СП во скијање во Австрија

Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Мирко Лазаревски за неговото учество на квалификациите за СП 2025.

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со огромно задоволство ја продолжува поддршката за нашиот истакнат македонски скијач, Мирко Лазаревски. Со оваа поддршка овозможуваме негова подготовка и учество на квалификациите за Светското првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од неговиот пат кон ова светското првенство. Уверени сме дека неговата посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за него, така и за Македонија.

Мирко Лазаревски ќе се натпреварува на СП во Залбах, во Австрија од 14 до 16 февруари. Тој изразува силна благодарност до тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, што го препознава и верува во неговиот потенцијал.

Лазаревски има значајни достигнувања во националните и меѓународните натпревари, пред ова најново соочување. Тој е најдобариот македонски скијач во неговата возрасна категорија. Мирко веќе учествуваше на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

 Хонг Конг ќе го забрани поседувањето и користењето електронски цигари на јавни места до средината на 2026 година, а тамошните власти наведуваат здравствени причини.

„За да ги заштитиме нашите млади луѓе, веруваме дека е време да се забрани употребата на електронски цигари“, рече локалниот здравствен службеник Ло ​​Чунг Мау.

Тој додаде дека ќе започне процесот на донесување законска регулатива против поседување и користење електронски цигари на отворено.

Најавата доаѓа речиси три години откако Хонг Конг го забрани увозот, производството и продажбата на електронски цигари и загреани тутунски производи.

Таравари:Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти

Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој потенцираше дека се уште има недостаток на средно медицински кадри.

Тој рече дека нема да се градат нови болници, но ќе се реновираат постоечките во Штип, Кичево, Охрид и Струмица .

притисни ентер