Градоначалникот на Прилеп бара поригорозни мерки во општината

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски бара воведување поригорозни мерки во неговата општина за да се надмине драстичниот пораст на заразени и починати.. 

Ќе има ли карантин за Прилеп? Владата в петок ќе одлучува по барањето на прилепскиот градоначалник во градот да се воведат поостри мерки, со цел спречување на ширењето на заразата. Градоначалникот Илија Јованоски е дециден - моменталните мерки не даваат резултат.

Во меѓувреме, ковид-центрите низ земјава се полнат со пациенти, а граѓаните преку социјалните мрежи реагираат и на лошите болнички услови. Дел од нив тврдат дека нивни блиски не добивале навремена нега. „Под лупа“ на Државниот санитарен и здравствен инспекторат случајот со 41-годишна пациентка што почина во Штип, за која нејзиното семејство обвинува дека иако со часови барала, не и донеле кислородна боца. Инспекторите треба да утврдат и зошто пациенти во битолската државна болница примале инфузија до починати.

Лекарите велат, талогот од нерешените проблеми во минатото, сега, во време на пандемија, излегува на површина. Дефектите на системот лесно се детектираат во кризна состојба, а истите треба да се искоренат, вели за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ.

Минаа речиси четири недели од воведување на последните превентивни мерки, забрани за собирање на отворено, постојано носење на заштитни маски. Здравствените власти очекуваа истите да дадат резултат еднаков на мерката „полициски час“, но засега, според секојдневната статистика, не се забележува намалување на бројот на новозаразени.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Митрески: Продолжуваме со раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата 600 евра

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. “

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.

„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.

Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!, рече Јован Митрески, носител на ИЕ5.

Столтенберг: Членките на НАТОна Украина да ѝ испраќаат повеќе противвоздушни системи

Членките на НАТО треба да дадат приоритет на испраќањето воена помош за Украина, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на Алијансата.

Тој посочи дека НАТО треба да ѝ испрати повеќе противвоздушни системи во Украина.

„Приоритетот на земјите-членки треба да биде вооружување на Украина за да ги зголеми своите одбранбени капацитети. Дел од важните напори што сега ги правиме низ НАТО алијансата е да ја зголемиме испораката на системи за противвоздушна одбрана во Украина“, рече Столтенберг во Брисел и додаде:

„Но, на Украина ѝ треба повеќе. Значи, ако сојузниците се соочат со избор помеѓу исполнување на целите на НАТО и обезбедување поголема помош за Украина, мојата порака е јасна: испратете повеќе во Украина.

Столтенберг ја посочи Данска како „силен пример“ бидејќи во февруари таа вети дека ќе ја донира целата своја артилерија на Киев. Тој ги пофали Данска и Холандија за нивните планови да обезбедат борбени авиони Ф-16, додавајќи дека е „охрабрен“ од веста дека американскиот Конгрес се очекува наскоро да гласа за дополнителна помош за Украина, по неколкумесечни одложувања.

Апелот на шефот на НАТО доаѓа во време кога земјите-членки се борат да достават доволно количество оружје во Украина без да ги исцрпат сопствените резерви и да ја загрозат сопствената безбедност. Властите во Киев го обвинуваат недостигот на муниција за минатогодишната неуспешна контраофанзива, како и за неодамнешните загуби на бојното поле.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја критикуваше Германија за одбивањето да донира крстосувачки ракети Таурус и американските републиканци за одложување на сметката за воена помош од 61 милијарда долари што ја побара претседателот Џо Бајден.

„Ако Конгресот не ѝ помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби војната“, предупреди Зеленски претходно овој месец.

Берлин неодамна се согласи да испорача уште еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ произведен во САД во Киев. Сепак, тој одби да ја промени одлуката за ракетите Таурус, тврдејќи дека за нивно испраќање ќе биде потребен германски персонал на теренот во Украина.

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон најави дека в сабота ќе гласа за нацрт-законот за помош на Украина. Законодавството претходно беше блокирано поради жестоките расправии меѓу демократите и републиканците за имиграцијата и граничната безбедност.

Русија во неколку наврати најави дека испраќањето оружје во Украина ќе доведе до ескалација, но не и до промена на исходот од конфликтот.

притисни ентер