Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев денеска добил известување дека е позитивен на коронавирус, откако заедно со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина" и „Филип Втори" во Скопје.

Испитувањата Крстев ги направил откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани кој во понеделникот почина на Клиниката за инфективни болести како последица од вирусот.

– По информациите дека фризерот е заболен, на своја иницијатива направивме две тестирања со сопругата, при што првиот тест беше негативен, а вториот позитивен. Од 1 април сум во самоизолација, а ги известив и вработените во Општината да ја применат истата мерка. Во моментот немам никакви симптоми за нарушена здравствена состојба, но ќе видиме како ќе биде во наредните денови, вели Крстев.

Во меѓувреме матичната лекарка на градоначалниот Крстев, Јасминка Ајтовска ги повика сите жители на општината да се јават кај своите матични лекари.

– Секој кој во последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината..да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника.заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми, истакна Ајтовска.

Градоначалникот Крстев порача дека не треба да се создаваат паника и негативни ставови во јавноста за него и членовите на неговото семејство, ниту пак за кој било друг граѓанин кој е позитивен на коронавирусот./MИА

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер