Градежните фирми лани потрошиле за 3,6 проценти повеќе материјали и енергија

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2020 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.975.478.000 денари, што е за 3,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави денеска ДЗС.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3 792 562 000 денари (38 проценти), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 244 325 000 денари (12,5 проценти), Материјали за армирање и прицврстување со 1 238 551 000 денари (12.4 проценти) итн.

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје, под раководство на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните, кој насекаде се уредува и гради, па шири лажни вести и невистини.

За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, туку водени од личниот и партиски интерес го разнебитија и обезличија Скопје, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за меремр и бронза, споменици, за жални врби и палми, барок од стиропор, вртелешки и лавови.

Во главниот град, во изминатите 3.5 години континуирано се одвива градежна офанзива, во чии рамки меѓудругото, се завршени четири нови булевари, се завршува мостот на реката Вардар во Аеродром, изградени се десетици километри нови велосипедски патеки, се подигаат илјадници метри квадратни нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори и диви депониии.

Скопје сега е успешна приказна и така ќе продолжи.

Реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Лисабон „под клуч“ поради ширење на делта сојот на коронавирусот

Делта сојот го затвори главниот град на португалија Лисабон, рестрикциите  завршија  утрово.

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирусот се должат на делта сојот што за прв пат се појави во Индија.

За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини.

Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности. Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.

ВМРО-ДПМНЕ: Народот 4 години ги гледа кадрите на СДСМ донесоа само криминал, рекет и корупција

Четири години СДСМ е власт и на централно и на локално ниво. Четири години кадрите на СДСМ немаат една шајка заковано, немаат ниту еден капитален проект по кој ќе ги паметат граѓаните.

Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, тој е мрзелив и ништо од тоа што го вети не го реализира.

Ниту еден од скопските градоначалници не си ја врши работата. Диви депонии има на секаде, градот е нечист и нема нови проекти.

Општините низ цела држава се запуштени.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!

Со Почит,

Реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер