Градежниците лани потрошиле материјали и енергија во вредност од 11 859 712 000 денари

 Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11 859 712 000 денари, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали

за врзување со 5 065 871 000 денари (42,7 проценти), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 765 874 000 денари

(14,9 проценти) и Материјали за армирање и прицврстување со 1 350 812 000 денари (11,4 проценти) итн...

МВР: Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица ноќеска половина час по полноќ во близина на село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица ноќеска половина час по полноќ во близина на село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија, кој е осоничен за криумчарење мигранти.

Како што информираат од МВР, во наведеното време, со возилото „хјундаи“ кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Тој набргу го запрел возилото и се дал во бегство.

При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Британците не купуваат имот ако локалниот паб е оддалечен повеќе од 13 минути пешачење

 Речиси една петтина (18 проценти) од сопствениците на куќи дале понуда да купат имот додека биле во локалниот паб, податоците беа објавени на веб-страницата Mortar Research.

Речиси една четвртина (24 проценти) од сопствениците на куќи, анкетирани од агенцијата за недвижности Zoopla, рекоа дека локалниот паб влијаел на нивната одлука да го купат нивниот моментален имот, а повеќе од една третина (36 проценти) рекле дека дури и не би дале понуда за куќа ако е предалеку од локалниот паб, каде што идеалното растојание го процениле да биде 13 минути пеш, додека растојанието од повеќе од километар и половина се сметало за предалеку.

Речиси половина (49 проценти) од оние кои веќе дале понуда за имот додека седеле во пабот, рекле дека консумирале пијалок во тоа време, според истражувањето на повеќе од 2.000 сопственици на куќи во Велика Британија од страна на фирмата во ноемвриски Mortar Research.

За многу сопственици, посетата на локалниот паб беше составен дел од процесот на гледање нов дом, додека малку повеќе од една третина (36 проценти) изјавија дека пиеле или ручале во локална гостилница пред или по прегледувањето на имот.

Три четвртини (76 проценти) од нив рекле дека ги сметаат пабовите за составен дел од заедницата, додека 49 проценти веруваат дека е важно да се најде место за дружење блиску до дома. Меѓу оние кои додека барале имот, претходно посетиле паб, повеќе од половина (53 проценти) рекле дека решиле да го купат својот нов дом додека се напијат таму.

-Истражувањето сугерира дека локалните пабови играат изненадувачки голема улога во процесот на купување имот, без разлика дали станува збор за добивање чувство на локалната заедница или разговор со пријател за тоа дали заинтересираното лице сака да даде понуда, а во некои случаи тоа беше одлучувачки фактор во одлуката за купување“, рече Ден Копли, експерт за потрошувачи во Zoopla.

Извршната директорка на Британската асоцијација за пиво и пабови, Ема Мекларкин смета дека „добриот паб нуди многу повеќе од квалитетен пијалок“.

-Таквото место може да ја зголеми цената на имотот, а исто така е знак за одредена социјална вредност во локалната заедница. Тоа е место каде што ќе запознаете нови соседи и пријатели, ќе ги следите локалните вести или ќе уживате во вкусен оброк. Кога не сакате да ги миете садовите, пабовите се клучни за добро функционирање на нашите заедници, вели таа.

Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки...

Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто делови за мобилни телефони, поголема количина масло од црно семе, фиберскопи за индустриски цели, облека, но и производи од заштитени трговски марки. Во продолжение детали:

Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

- 16.5 литри масло од црно семе (36 парчиња масло од црно семе од по 125 мл и 96 парчиња од по 125 мл масло црно семе Натурал) и 1.250 капсули со масло од црно семе (25 парчиња од по 50 капсули), се пронајдени околу совозачкото седиште на еден автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Блаце.

- Спречен обид за криумчарење на 682 маски за мобилни телефони, како и 61 кабел, 10 слушалки, држачи, полначи и стаклени фолии за мобилен телефон. Непријавените производи се откриени од царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата.

- Македонски патник враќајќи се од Дортмунд се обидел преку граничен премин Табановце во автобусот со кој патувал да криумчари разна стока, меѓу коишто и 21 фиберскоп за индустриски цели. Во намерата е спречен од царинските службеници на граничниот премин кои при контрола на автобусот, во торбата во сопственост на патникот, ги пронајдоа непријавените производи. Покрај фиберскопите се пронајдени и обувки, како и радио апарати за автомобил.

- Мобилни тимови во три одделни случаи запленија речиси 3.000 играчки, школски прибори и 50 блутут слушалки со ознаки на заштитени трговски марки. Делата се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 3 и царинска испостава Куманово. Во моментов за запленетите производи се поведени постапки за утврдување на оригиналност.

- Миксета Allen & Heath со вкупна вредност од 153 илјади денари е откриена при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Табановце.

- Мобилен тим спречи обид за шверц на разна стока, меѓу којашто облека, обувки, тротинети и електричен алат. Непријавената стока е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Возачот стоката ја скрил под горниот и под долниот кревет во кабината на камионот. Производите се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

- 840 метални чаури за хидраулични црева коишто биле скриени на различни места во еден автомобил со кој патувал брачен пар од Србија, се откриени од царинските службеници на граничен премин Богородица.

- 8 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари што се пронајдени под јакните на задното седиште се запленети, а против патникот е поведена соодветна постапка.

- Царински службеници на влез на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 55 парчиња облека. Непријавените производи се пронајдени во патни торби сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото.

- 80 пакувања ленти за дихтување, се откриени од страна на мобилен тим при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на релација Швајцарија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, сопственост на возачот, биле пронајдени во 4 куфери, сместени во просторот за багаж на автобусот.

Царинска управа

притисни ентер