Град Скопје: Според светскиот мониторинг, Скопје не е меѓу 10 најазагадени градови во светот

Согласно светскиот мониторинг систем WAQI кој ја мери загаденоста во сите главни градови во светот, градот Скопје не се наоѓа во листата на топ 10 загадени градови.

Според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче Петров.

Апелираме, пред објавување на информации, медиумите да ги проверат јавно достапните емпириски докази за загаденоста на воздухот во Скопје но и во цела Македонија, соопштуваат од Град Скопје.

Над 90.000 работници во Мерцедес ќе добијат по 7.300 евра бонус

Mercedes објави дека, врз основа на прелиминарните резултати за финансиската 2023 година објавени денеска, се очекува вработените кои ги исполнуваат условите да добијат бонус за споделување профит до 7.300 евра.

Како знак на благодарност за нивните перформанси и ангажман во изминатата година, Mercedes-Benz повторно го споделува успехот на компанијата со своите вработени.

Износот на споделување на добивката е независен од степенот на плата, а конечниот износ зависи од утврдувањето на конечните резултати за последната финансиска година во март 2024 година. Шемата за споделување на добивката е доброволна придобивка што ја нуди компанијата, а околу 91.000 квалификувани вработени во Германија ќе го добијат со априлската плата.

„Минатата година, нашите вработени уште еднаш покажаа во предизвикувачко опкружување дека компанијата може да се потпре на нив. Како знак на благодарност за исклучителните перформанси и високата флексибилност што ја покажаа нашите колеги во 2023 година, нивната исклучителна посветеност повторно ќе биде почестена со бонус за споделување профит кој се очекува да биде рекорден износ.

Успешниот бонус за споделување профит не само што ја наградува посветеноста и напорната работа на нашите вработени, туку и нивната лојалност и решителност да ги надминат предизвиците и да ги постигнат целите“, рече Ергун Лумали, претседател на Советот за општи работи на Mercedes-Benz Group AG.

Вработените на тарифната скала во Mercedes-Benz имаат корист од споделувањето на добивката од 1997 година. За финансиската 2022 година, вработените кои ги исполнуваат условите веќе добија бонуси до максимален износ од 7.300 евра.

Осуден е поранешниот австриски премиер, Себастијан Курц

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц (37) е осуден на осум месеци условна казна поради давање лажни изјави.

Во својата денешна одлука, Виенскиот регионален суд утврди дека е докажано дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“ отколку што тој признал пред истражниот комитет.

Себастијан Курц се уште не зборувал за оваа пресуда.

Руските власти ѝ дале рок од 3 часа на мајката на Навални за да го погреба синот

Портпаролката на покојниот Алексеј Навални рече дека руските власти ѝ рекле на мајка му дека нејзиниот син ќе биде погребан на теренот на казнената колонија каде што умрел, освен ако таа не се согласи во рок од три часа да го погреба без јавен погреб.

Навални, еден од најпознатите и најжестоките политички противници на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде што издржуваше казна од повеќе од 30 години, објави Си-Ен-Ен.

Неговата мајка Људмила (69) со денови бара од властите да ѝ го предадат телото на нејзиниот син за да го погреба на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.

Портпаролката на починатиот Алексеј Навални, Кира Јармиш, на Х напиша: „Пред еден час, истражителот ѝ се јави на мајката на Алексеј и ѝ постави ултиматум - или таа ќе се согласи на таен погреб без јавен погреб во рок од три часа, или Алексеј ќе биде погребан во просторот на казнената колонија“.

Јармаш рече дека мајката на Навални продолжува да одбива таков ултиматум и продолжува да бара телото на нејзиниот син да ѝ биде предадено. Засега руските власти не го коментираат развојот на настаните.

притисни ентер