Град Скопје : Подобри и побезбедни услови во градските средни училишта

Во изминатиот двегодишен период, сите градски средни училишта беа реконструирани согласно потребите, за што од градскиот буџет биле издвоени преку 160 милиони денари.

Учениците и вработените, како што наведуваат во соопштението од Град Скопје, во средните училишта имаат можност да учат и работат во подостојни и побезбедни услови од пред две години кога Град Скопје започна со интензивни реконструкции на сите училишта со цел да се одговори на потребите на секое училиште посебно.

– Во 2018 година, 11 средни училишта добија енергетско ефикасни фасади со современи стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинска енергија. Покрај тоа, во изминатите две години континуирано се вложуваше во реконструкција или замена на внатрешната и надворешната столарија, со цел обновување на дотрајаниот и нефункционален инвентар, зголемување на безбедноста на учениците и кадарот кој работи во училиштата и овозможување на поудобен и побезбеден училишен простор, соопштуваат од прес-службта на Град Скопје.

Оттаму наведуваат дека реконструкциите опфатија замена или реконструкција на кров, санација на санитарни јазли, водовод и канализација, промена на прозори, врати и подови, реконструкција на топлотни тела. Се извршила целосна замена на стариот и неефикасен систем за греење во „Браќа Миладиновци", со нов безбеден и ефикасен систем со радијатори по современи стандарди.

– Град Скопје во 2019 година изврши целосна реконструкција на фасадите на двете средни училишта, „Марија Склодовска Кири" и „Цветан Димов", во вкупна вредност од околу 70 милиони денари. Со тоа, овие училишта добија енергетско ефикасни фасади со модерен изглед согласно современите светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација. Една третина од училиштата добија адаптирани тоалети за лицата со пoпреченост со цел олеснување на нивното секојдневно функционирање во училиштето, поголема независност и самостојност во извршувањето на обврските. Во скоро сите училишта каде шти имаше соодветен простор се обележаа посебни паркинг места за лицата со попреченост. На тој начин се овозможува поголема достапност на слободно паркинг место и непречено пристигнување во училиштето, велат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека во последнава година се пуштени во употреба и две нови спортски сали, во средните училишта „Боро Петрушевски" и „Сарај".

– Овие две училишта претходно немаа спортска сала и наставниот кадар и учениците без оневозможени соодветно да ја реализираат и следат наставата по физичка култура и образование. Влогот во оддржување на достојни, безбедни и удобни училишни простори е влог во иднината и почит кон сите чинители во образовниот процес, наведуваат од Град Скопје.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проект

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја.

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој се потпиша Меморандумот за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во нашата земја, на кој присуствуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕБОР во нашата земја, Фатих Туркменоглу, како и дел од тимовите на централната банка и на Канцеларијата на ЕБОР.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за довербата укажана од ЕБОР, којашто одлучи централната банка да биде предводник на проектот и да гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

„Поддршката на бизнисите предводени од жени е клучна во борбата за родовата еднаквост. Централната банка активно ќе работи на едуцирање на корисниците на кредити за можностите и обврските коишто давателите на кредити ги имаат кон нив, како и за обезбедувањето податоци за кредитирање на компаниите предводени од жени, што ќе придонесе за подобар пристап на жените претприемачи до финансии. Последната анкета на Националната платформа за женско претприемаштво „Барометар за женското претприемаштво од 2023 година“ покажува дека околу 40% од жените сметаат дека немаат доволно поддршка во смисла на советодавна платформа и грантови за поддршка на нивниот бизнис. Исто така, повеќе од половината сметаат дека или немаат доволен или немаат соодветен пристап до финансии, а речиси 88% од жените претприемачи посочуваат дека со сопствени средства или со заем од семејството и пријателите го почнуваат својот бизнис. Преку овој проект сакаме да направиме разлика и да го свртиме вниманието кон овие политики коишто може да придонесат кон побрз економски раст и развој“, истакна гувернeрката Ангеловска-Бежоска.

„Промовирањето на родовата еднаквост е еден од трите стратегиски приоритети на ЕБОР, при што клучна улога игра поддршката на жените претприемачи. Кодексот за финансирање на жените претприемачи е исклучително добра можност да ги насочиме тековните напори во оваа област и особено сме задоволни за тесната соработка со Народната банка на ова поле“, истакна претставникот на ЕБОР во нашата земја, Туркменоглу.

Народната банка и ЕБОР се обврзаа дека во иднина ќе работат на зголемување на бројот на потписници на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, вклучувајќи ги и носителите на политиките, давателите на финансиски услуги и други надлежни субјекти со цел се обезбедат податоци за фирмите на жените претприемачи и да се промовира неговата употреба при осмислувањето на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

притисни ентер