Готови извештаите за починатото 14-месечно бебе и родилката од Куманово - Канал 5

Готови извештаите за починатото 14-месечно бебе и родилката од Куманово

Министерот за здравство Таравари пред малку на прес конфренција ги презентираше извештаите од стручните комисии за починатото 14 месечно бебе на Детска клиника и за 31- годишната родилка од Куманово.

Готови извештаите за починатото 14-месечно бебе и родилката од Куманово

Прес конефренцијата ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Мими дали се познати причините за смртта на бебето и родилката и лоцирана ли е лекарска грешка?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено, објави ДПА. Шпанскиот мрежен оператор РЕЕ соопшти дека од 6 часот наутро, снабдувањето со електрична енергија во земјата е обновено на 99,16 проценти.

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено

Во соседна Португалија, електричната енергија е исто така вратена во повеќето домаќинства, објави португалската телевизија РТП, повикувајќи се на португалскиот мрежен оператор Е-Редес. Околу 95 проценти од 6,5 милиони потрошувачи во земјата повторно имаат електрична енергија.

Милиони луѓе во Шпанија и Португалија вчера останаа во мрак по прекините на електричната енергија - комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според операторот РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на електроснабдувањето во Шпанија и делови од Португалија. /МИА

Општина Струмица објави јавен повик за субвенционирање за купување велосиспед

Според објавата на градоначалникот, Костадин Костадинов, Струмица има најдобра велосипедска инфраструктура и затоа таа треба да се искористи.

Општина Струмица објави јавен повик за субвенционирање за купување велосиспед

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за субвенционирање за купување велосипед во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот и заштитна опрема, но не повеќе од 10.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, соопштија од локалната самоуправа.

Вкупниот буџет на овој повик изнесува 800.000 денари, а право на учество имаат граѓаните на Општина Струмица се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавниот повик или не подоцна од 30 дена од неговото објавување и кои ги исполнуваат условите од овој јавен повик кои детално се објавени на општинската веб страница.

Според објавата на градоначалникот, Костадин Костадинов, Струмица има најдобра велосипедска инфраструктура и затоа таа треба да се искористи.

-Да ги оставиме автомобилите и да возиме велосипеди. До 2026 година ќе имаме вкупно 18 километри велосипедски патеки. Тоа е најдоброто што можеме да го направиме за своето здравје и за средината во којашто живееме. Покрај патеките ви нудиме и можност доколку немате велосипед да си купите, а ние ќе субвенционираме, напиша струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

Рубио ја повикува Русија да ја прекине „бесмислената војна“ во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да ја прекине војната во Украина.

Рубио ја повикува Русија да ја прекине „бесмислената војна“ во Украина

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека Рубио разговарал телефонски со Лавров во неделата на барање на рускиот дипломат, јави ДПА.

-По посетата на Москва на специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, на 25 април, државниот секретар му ги нагласи на својот руски колега следните чекори во руско-украинските мировни преговори и потребата од веднаш завршување на војната. Соединетите Американски Држави се сериозни во врска со олеснувањето на завршувањето на оваа бесмислена војна, се вели во соопштението на дипломатскиот оддел.

Рубио во неделата изјави дека оваа недела ќе биде „клучна“ и дека САД мора да „одлучат дали ова е потфат во кој сакаме да продолжиме да бидеме вклучени“.

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на погребната служба за папата Франциск во Рим. За време на враќањето во Соединетите Американски Држави, тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е сериозен во врска со завршувањето на војната и ѝ се закани на Москва со нови санкции.

Вашингтон врши притисок врз Украина да прифати договор за прекин на војната, кој би вклучувал отстапки, и финансиски и територијални, забележува ДПА.

притисни ентер